Конференција: Предизвици на транзицијата на семејни бизниси

Традицијата продолжува! По успешно организираната Конференција за семејни бизниси минатата година, каде учество зедоа повеќе од 120 посетители, основачи,сопственици на смеејни бизниси и нивните тесни смејства, Clear View BTC по втор пат ја организира најголемата и единствена конференција од ваков тип.

Оваа година, главниот фокус на конференцијата ќе биде:
• Какви знаења и вештини треба да посeдуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата?
• Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се правите чекори?
• Како да знаете кога е прав момент да го препуштите управувањето на следната генерација?
• Што ако чувствувате дека треба да смените нешто во културата на компанијата на која најголемо влијание имал сопственикот?
• Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени?
• Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата?
• Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите?

Конференцијата е организирана во 3 сесии, по секоја сесија следи панел дискусија со истакнати менаџери. Сесиите се на следните теми:
1. Какво е влијанието на основачот на културата во компанијата;
2. Кои вештини и знаења треба да ги поседуваат наследниците пред да го наследат управувањето со компанијата;
3. Како до свеж капитал во семјните бизниси

Треба да дојдете на конференцијата доколку сте:
• Основачи и сопственици на приватни компании
• Професионални менаџери кои работат во семејни компании
• Наследници на компании
• Членови на семејни бизниси
• Сакате да научите како да ја надминете замката поради која пропаѓаат до 70% од бизисните – транзиција на бизнисот на следна генерација.

Предавач и модератор на конференцијата е М-р Наталија Пекиќ, која е дел од тим кој континуинарно веќе пет години успешно организира Бизнис форуми на тема „Семејните компании – столб на економијата“ на балканските простори. Исто така, М-р Пешиќ е надворешен соработник на Економскиот факултет во Осијек каде предава „Семејно предприемништво“ и „Менаџмент на семејни компании“. Портфолио и е поткрепено со импресивен број на семејни компании кои ги користат нејзините консултантски услуги
.
Дел од панелистите кои ќе земат учество во дискусиите се:
• Г. Сашо Наумовски – генерален Менаџер на „Витаминка“ Прилеп
• Г. Муарем Муртезани – сопственик и генерален менаџер на Алма – М
• Г. Златко Леов – генерален менаџер на Леов Компани
• Г. Филип Смилковски – седма година дел од втората
генерација во семејната компанија Индустри Сервис
• Г. Виктор Мешков виш инвестициски советник во СЕАФ и СПМГ

На конференцијата очекуваме и други панелисти, како и 50+ истакнати менаџери и сопственици како гости.

Повеќе информации ќе најдете на официјалниот сајт за конференцијата http://konferencija.clearview.com.mk/Default.aspx#contact

●●● Регистрација
Искористете рана пријава до 15 јуни и за 6 000 денари бидете дел од најголемиот настан за семејни бизниси во земјава.

Регистрирајте се на официјалниот сајт на следниот линк http://konferencija.clearview.com.mk/Default.aspx#contact или на 02 2461 477 / 071 228 495

Не ја пропуштајте конференцијата која ја адресира болката на македонските компании!

Датум и време: 29 Јуни Среда од 9 до 17 часот

Локација: M6 Educational Centre , 810 bb, 1000 Skopje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!