Паметен телефон со четири јадрен процесор за помалку од 5 долари

На почетокот на годинава индиската компанија Ringing Bell, го престави паметниот телефон, и тоа со цена од само 4 долари, што предизвика и многу скептични реакции. Но телефонот е реален и оваа недела иде во продажба.

Какви и да се спецификациите на овој телефон, за цена пониска од 5 долари тие се импресивни. Купувачите за таа цена ќе добијат уред со четири јадрен процесор на 1,3 GHZ, 1Gb RAM и 8 GB интерна меморија. Камерите на телефонот ќе сликаат фотографии од 8 и 3,2 мегапиксели, а капацитетот на батеријата е 1800 mAh. Дијагоналата на екранот е само 4 инчи, а телефонот доаѓа со dual SIM подршка.

Основачот на компанијата Mohit Goel за Indian Express кажа дека учеле на грешките, и молчеле додека не биле потполно спремни. Тој додаде дека на секој уред имаат околу 2 долари загуба, ама дека се среќни што ќе го остварат сонот за поврзување на руралните и сиромашните делови на Индија. А загубата планираат да ја надокнадат преку количината на продадени уреди. Останува да се види како уредот ќе работи во пракса и дали ќе биде прифатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!