Сорос се кладеше против Deutsche Bank
George Soros против најголемата германска банка- се насловите во германските медиуми после објавата дека Soros Fund Management се кладел минатиот петок во пад на цената на акциите на Deutsche Bank. Инвестициската компанија на познатиот инвеститор зазеде short position за околу 7 милиони акции на германската банка што е еднакво на 0,51% од уделот.
Цената по која се земени позициите не е позната. Но познато е дека акцијата на Deutsche Bank во петокот после објавувањето на резултатите од британскиот референдум, паднала за 14% на 13,37 евра. Најголемата постигната цена изнесувала 13,95 евра, а по таа цена уделот на Soros во банката вреди 98 милиони евра. Мотивите на Soros најверојатно лежат во процената дека Brexit, ќе ги намали приходите на европските банки за 32 милијарди евра.