Intel, BMW и Mobileye се здружуваат во доменот на самоуправувачките автомобили

Компанијата intel го објави партнерскиот договор со компаниите BMW и Mobileye, нивната заедничка цел е доаѓање на самоуправувачки автомобил на патиштата до 2021 година.

Трите компании ќе работат заедно на новата платформа, која ќе стане основа на многу самоуправувачки автомобили во иднина. Intel верува дека неговите чипови ќе служат како “мозок” на автономните автомобили.

Директорот на Intel, Brian Krzanich образложи зошто нивната компанија влегува во овој сектор каде конкуренцијата е се поголема ако се има во предвид присуството на познатите произведувачи на автомобили како што се General Motors и Tesla односно технолошките компании како Alphabet и Apple.

“Возењето може да биде опасно, а автомобилите мора да станат “попаметни” и да имаат подобра технологија. Правиме важен чекор кога е збор за нашата визија за промена на искуството при возењето. За тоа да го оствариме, автомобилите и се што е поврзано со нив, ќе им требаат моќни и доверливи “електронски мозоци” кои ќе овозможат да се однесуваат како човечки возачи” изјави Krzanich.

Тој кажа дека човечката грешка е најчест причинител на сообраќајни несреќи, и дека гужвите во сообраќајот доведуваат до фрустрација. Тој верува дека “паметните” автомобили драстично ќе го подобрат искуството при возење, ама и дека Intel има технологија со која брзо ќе го исполни тоа ветување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!