Претприемачот и неговиот експеримент за основен доход од 1500 долари

Уште од дете Sam Altman бил опседнат со една многу специфична утопија. Како млад фан на “Star Trek” и љубител на научно-фантастичните романи, тој ги “примаше” приказните за роботите кои стануваат значаен дел од друштвото, со тоа елиминирајќи ја потребата за човечка работна сила. Altman веруваше дека најдобрата страна од оваа навидум фантастична реалност за неограничено богатство е тоа што би го произведувале роботите а луѓето измеѓу себе би го делеле. На тој начин би можеле да живееме како сакаме без притисок и грижа за парите.

Altman денес има 31 година тој и понатака размислува за овие работи, а познат е по идејата за “основен доход”. Како претседател на Y Combinator, најголем и најпознат startup акцелератор во Силиконската долина. Altman игра водечка улога во воспоставувањето на идејата за основен доход во Америка.

Оваа идеја медиумски оживеала во 2015 година, а државите како Финска и Холандија почнаа да ги најавуваат плановите за започнување на експериментот, најмногу на ниво на град, во кои граѓаните ќе добијат пари а за возврат ништо не би работеле.

Заинтерисираноста на медиумите за идејата за основен доход. Altman ја дочека со изненадување. “Никогаш не ми паднало на памет дека вакво нешто ќе ги заинтересира новинарите” изјави Altman за Tech Insider.

Многу брзо се прошири веста за тоа дека највлијателниот инкубатор во Силиконската долина сака да ги вмеша своите прсти во идејата која би можела не само да направи револуција во начинот на кои луѓето заработуваат, туку и да ја отстранат потребата за заработка воопшто.

Со поддршка од Elizabeth Rhodes, истражувач од Универзитетот во Мичиген, а нејзината дисертација била фокусирана на намалувањето на сиромаштијата во Африка, Y Combinator ги најави на крајот на мај условите за оваа пилот студија. Официјално, Y Combinator ќе го изведе првиот експеримент за основен доход на американско тло.

100 калифорниски семејства ќе примаат околу 1500 долари месечно а за возврат не треба ништо да работат!        

Покасно оваа година овој експеримент ќе продолжи во Оукленд, Калифорнија. Целта на експериментот е да се види на кој начин ќе се промени човечкиот живот доколку се отстрани грижата за парите. Ако овој експеримент успее, ќе продолжи со илјада американски граѓани кои ќе примаат паричен износ секој месец во период од пет години, а со нив ќе можат да располагаат како сакаат.

Altman кажува дека идејата за елиминирање на потребата од работа, исто така ја елиминира и потребата на луѓето да прават компромис со сопствената “животна автономија” да би преживеале. Како јунаците од научно-фантастичните романи, и ние би требало да бидеме слободни и да ги бираме и следиме нашите животни страсти.

Оваа тема е важна поради се поголемиот развој на технологијата, а набрзо и роботите ќе ги преземат повеќето работи кои сега ги извршуваат луѓето. Altman не може да каже точно кога вештачката интелегенција ќе биде доволно софистицирана да го задоволи универзалниот основен доход, ама кажува дека треба да биде во следните 100 години.

Ова може да звучи како социјализам, ама не е. Основниот доход не ја ограничува сумата која луѓето може да ја заработат туку само го поставува финансискиот под, ама не и плафон. Луѓето би требало да бидат слободни да се збогатуваат колку сакаат (или се во можност).

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!