NewMan’s got Talent – Второ Тестирањe за Стипендии

New Man’s Got TALENT” е програма креирана да ги поврзе успешните компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени во овие компании.

Пријави се за тестирање тука: http://bit.ly/newmansgottalent

Методологијата е следната:
Ќе се одржат две тестирања, едно во месец јули и едно во месец август. Резултатите ќе се објават јавно и само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност самите да се претстават и да ги пичуваат и презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100% стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија.

*** Ве очекуваме на второто тестирање на 25.08.2016. ***
Разгледај ги академиите за учебната 2016/2017 година:http://newmansba.com/subject/newmans-got-talent

Целта на програмта:
Стипендирање и вработување на најдобрите студенти од врвни македонски компании за програмите на Њу Менс Академиите 2016-2017.

Веќе трета година ви обезбедуваме:
– едукација од највисок квалитет и пренесени практики од SAP University Aliances, универзитетите Standford и Singularity од Калифорнија, САД
– ментори со практично искуство во индустријата во која што предаваат
– наставна програма креирана според најновите барања на пазарот и конкретни работни профили
– интерактивно учење преку работа на реални проекти на компаниите
– стекнување на вештини и нивна секојдневна примена со практична работа
– можности за пракса и вработување во МК, Европа и САД кај компаниите што ве стипендирале или пошироката листа на партнери и соработници

Креирај ја својата успешна приказна со NewMan’s. Аплицирај на:http://bit.ly/newmansgottalent

Се гледаме во NewMan’s!

АГЕНДА: 25.08.2016 – Втор рок за тестирање
– Кратка презентација на програмите и запознавање со дел од менторите (TBD)
– Тестирање
– Rooftop нетворкинг забава (вклучено храна и пијалок)

48 thoughts on “NewMan’s got Talent – Второ Тестирањe за Стипендии

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!