Funky Coworking Friday #24
#ЛабавПеток на Funky Coworking
Ако сакаш да се тргнеш од својата рутина или си уморен/на од работење сам/а те викаме да ни се придружиш. Продолжи да работиш на своите проекти, но во забавна и инспиративна средина со акцент на продуктивна работа. Се повеќе луѓе работат надвор од досадни канцеларии или во домашна атмосфера полна со дистракции, спакувај го твојот лаптоп и придружи се во атмосфера со брз интернет, пријатна атмосфера и кул луѓе. Ќе работиме по кафе барови, во станови и канцеларии на некои компании и други неконвенционални места кои го споделуваат коворкинг духот и сака да ги запознае Скопје со креативни можности за работа во опуштена атмосфера. Работи во средина со луѓе кои истовремено работат на уникатни проекти кои никогаш не би можел да ги запознаеш.
Преку coworking градиме заедница на фриленсери, стартапи, креативни професионалци, креатори и иноватори. Заедница од луѓе кои креираат и ја обожаваат својата работа.
Пријави се за настанот на http://bit.ly/1PmmqBC
Во петок сме во Контакт Канцеларијата на Фонд за иновации и технолошки развој на рекорд од 12 до 16 часот.
Адресата на контакт канцеларијата е Димитрије Чуповски бр. 8 (до Жито Лукс).
Во петок заедницата на Funky Coworking ќе може да дознае за сите активности на Фондот за Иновации како и нивниот тековен повик за финансирање на стартапи и спин-оф претпријатија.
Нема никакви трошоци за присуствување на настанот.