Бумот со мобилните апликации се уште не е готов

Аналитичарите во последно време на големо прогнозираат пад на приходите од апликациите, како и потребата индустријата да се прилагоди на времето што доаѓа после нив. Но сите кои зборат вакви работи не се во право, пазарот на мобилни апликации и понатаму е во одлична кондиција, а нема намера да застане за брзо време.

Угледен аналитичар во App Annie покажа со бројки колку е ситуацијата уствари добра. Во минатата година приходите биле 42 милијарди американски долари, за оваа година се прогнозира 52 милијарди долари што е раст од 24 %. Дека тоа е одлично покажува податокот дека до 2020 година растот ќе продолжи до 102 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од моменталната ситуација.

Така да искача дека сите црни прогнози повеќе се дел од нечија желба пазарот да се сврти кон нови работи и полека да се откажат од паметните телефони, кои уште одамна докажаа дека и во таа бранша тешко некој од страна да успее да дојде до некоја заработка. Но ќе успее ако станува збор за нешто оргинално. Не е лесно ама тие кои вредат тоа ќе им се врати.

Исто така црните прогнози се темелат на ситуацијата во Соединетите Американски држави, каде помеѓу 10 најаки на пазарот само SnapChat со 27 милиони преземања и Uber со 10,9 милиони преземања бележат раст, додека сите останати бележат пад на растот на годишно ниво. Пример, Whatsapp е прв на листата меѓутоа со 41,2 милиони преземања бележи пад од 7,6% во однос на минатата година. Ништо поинаку не е ниту со Messenger кои со 39,3 милиони преземања бележи пад од 18,4 %, Facebook со своите 36 милиони преземања бележи пад од 14,9% , YouTube со 12,5 милиони бележи 20,1% пад…

Во тоа треба да гледаме нешто позитивнo, апликациите во сопственост на Google и Facebook полека стигнаа до својот лимит со приближувањето или надминувањето на бројката од милијарда корисници, што значи дека немаат простор за раст. Како резултат на тоа се отвара просторот за другите бидејќи сите тие “стари” апликации се потреби и услуги на кои сме навикнати и без кои не можеме во светот на паметните телефони, а со тоа се појавува љубопитност за откривање други работи.

Можеби наскоро ќе излезе некој нов Uber или SnapChat…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!