Додека некој лови покемони други заработуваат милиони на нив

Играта Pokemon Go која за една недела стана глобален хит привлекувајќи десетици милиони луѓе уствари е многу моќна маркетинг алатка која може двојно да го зголеми приходот на компаниите од сите дејности.

Според Reuters, играта им помага на малите ресторани, продавниците и баровите да привлечат нови потрошувачи, но прашање е само на време кога големите играчи како McDonald’s или малопродажниот ланец на продавници Walmart ќе започнат да ги пренасочуваат потенцијалните купувачи кај себе. New York Post пренесува приказна за мала пицерија од Long Island чиј сопственик платил само 10 долари како неговиот локал би се нашол на мапата на играта. Да потсетиме Pokemon GO е игра од таканаречената проширена стварност каде играчите се движат во реални простори и со камерата од својот мобилен “ловат” Покемони кои се појавуваат на екранот од мобилниот телефон.

Локациите каде Покемоните можат да се “ловат” можат да се додаваат, баш како и во случајот со њујоршката пицерија која заради тоа прометот за време на викендот и пораснал за дури 75%. Интересот на компаниите за привлекување на нови потрошувачи преку играта не треба да не зачудува, бидејќи за само една недела бројот на играчи пораснал на 65 милиони што е повеќе од бројот на корисници кои ги има Twitter. Маркетинг експертите сметаат дека малите претприемачи наскоро се повеќе ќе се свртат кон играта како алатка за привлекување купувачи како што ќе расте бројот на играчи.

“Со Pokemon Go можете да видите како се премостуваат многу дигитални маркетинг канали на кои трговците се потпираа во изминатите неколку години” истакнува Christophe Jammet , директор во њујоршката консултантска куќа  ‎Discover Digital Group. Jeremiah Rosen директор во креативната агенција Reason2Be смета дека наскоро ќе се приклучат и големите брендови како McDonald’s или Home Depot. ” Тие тоа веќе го разгледуваат” додава  Tom Kelshaw директор во Maxus медиумска инвестициска групација.

Од друга страна играта би можела да се покаже како “предвесник на смртта” за маркетинг мрежите како Groupon и LivingSocial, а кои бројни мали претприемачи ги користат како инструмент за привлекување купувачи преку давање попуст. Reuters наведува дека Groupon кој до пред неколку години беше голем маркетинг хит не бил достапен за коментар исто како и LivingSocial.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!