Со даночни олеснувања и едноставна бирократија Австрија ги поттикнува стартапите и инвестициите

Европа наскоро би можела помалку да заостанува од Соединетите Американски Држави кога е во прашање развојот на технологијата, инвестициите во неа и растот на стартапите. Пример за тоа не се само градовите ширум Германија и Франција туку во приказната влезе и Австрија.

Станува збор за држава со 8,5 милиони жители, која од распадот на Австро-унгарското царство некако константно е во сенка на поголемите. Австријците на тоа рекоа доста е, со одлуката за даночни олеснувања и намалување на бирократијата да ги олеснат првите чекори на сите кои влегуваат на пазарот преку некој стартап или се одлучуваат за вложување во прва фаза. Затоа без проблем Австрија може да се нарече главно место во Европа за рано инвестирање.

Тоа се должи на одлуката на германскиот Adidas да го преземе за 240 милиони долари стартапот Runtastic, специјализиран за фитнес и рекреација. После тој потег Австрија се најде во центарот на вниманието односно потврди дека во блиска иднина ќе има големо значење за сите оние кои сакаат нешто да постигнат во светот на технологијата.

Освен на Adidas пазарот треба да биде благодарен и на австриската влада која во 2015 година субвенционирала 3715 стартапи со 289 милиони евра, со што ги поттикна сите оние кои имаа проблем со почетен капитал да се обидат своите идеи да ги преточат во стварност. Само ако неколку од 3715 стартапи успеат, на Австрија влогот ќе и се исплати. Speedinvest (австриски VC) минатата година подигна фонд вреден 90 милиони евра.

Со доаѓањето на успесите и можностите инвеститорите започнаа да доаѓаат, а моментално во Austrian Angels Investor Association (AAIA) ги има околу 200 и бројката продолжува да расте. Станува збор за експерти, луѓе кои можат да намирисаат можност за заработка и успех, што е многу важна работа за почетниците, кои ги насочуваат со своите совети, логистика и капитал.

Ако австриската влада вложила 289 милиони евра во 3715 стартапи во 2015 година, македонската влада преку Фондот за иновации и технолошки развој во 2015 година додели вкупно 1.3 милиони евра за 33 иновативни проекти. Но ако се земе предвид дека само пред 2-3 години не вложуваше речиси ништо очигледно работите се помрднале од мртва точка, но се уште е далеку од износите на државните фондови од Западна Европа.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!