Генерацијата Y прва која ќе заработува помалку од своите претходници

Генерацијата Y е на пат да стане првата генерација која ќе има помала заработка во својот работен век од своите претходници, покажало неодамнешното истражување чии резултати ги пренесоа светските медиуми.

Истражувањето на тинк-тенкот Resolution Foundation покажало дека младите под 35 години во своите дваесети години заработиле 8000 британски фунти помалку отколку работниците од редовите на генерацијата X. За генерацијата Y  често се користи името Millennials бидејќи на пазарот на труд стигнаа брзо по преминувањето во новиот милениум.

Ако нивните плати ја следат истата крива на раст како и во случајот со генерацијата X, просечните примања во текот на работниот век би требало да достигнат износ од 825 000 фунти. Но тоа би значело дека ќе бидат прва генерација која има помали примања за време на својот работен век за разлика од своите претходници.

Дури и во случај платите на генерацијата Y да бележат интезивен прогрес како тие на baby boomers, родени после Втората светска војна, нивните примања во текот на работниот век би изнесувале околу 890 000 фунти, израчунале во Resolution Foundation.

Тој износ би бил 7% поголем од оној на генерацијата X, односно родените помеѓу 1966 и 1980 година, а би претставувал само третина од прогресот во платите која генерацијата X би требало да ја добие во однос на таканаречената baby boom генерација, родени после Втората светска војна.

Од Resolution Foundation исто така предупредија дека ако има рецесија после излезот на Британија од ЕУ тоа би можело уште повеќе да го намали доходот на генерацијата Y.

Истражувањето на Resolution Foundation покажало дека меѓу причините за послабиот доход може да биде тоа што денес помладите од 35 години на пазарот на труд влегле во времето на рецесијата. Исто така е заклучено дека генерацискиот напредок во платите е запрен уште пред избивањето на глобалната финасиска криза од 2007/2008 година.

Torsten Bell директорот на Resolution Foundation ќе изјави: “Го земавме здраво за готово тоа дека секоја следна генерација ќе и биде значително подобро отколку претходната- дека повеќе ќе заработуваат и ќе уживаат во поголем животен стандард. Меѓутоа постои ризик дека таквиот пристап ќе се покаже самобендисан, со оглед на реалноста во последните години и перспективите за иднината”.

Исто така Resolution Foundation предвидува дека припадниците на генерацијата Y за рента за домување ќе потршaт 44 000 фунти повеќе до времето кога ќе поминат 30 години, во споредба со baby boom генерацијата , а 25 000 фунти повеќе отколку генерацијата X.

Дополнителните трошоци за рента го намалија животниот стандард на младите и го отежнаа штедењето во депозити кое би им овозможило купување на недвижен имот заклучиле авторите на ова истражување.

 

error: Content is protected !!