Животни лекции од Алберт Ајнштајн

Следете ја својата љубопитност таа константно ќе ве води во нови откритија. Поседувањето љубопитност и желба за знаење ве издвојуваат од просекот. Истражете ги темите кои вас ве интересираат и интригираат, барајте ги одговорите на сите свои прашања и ќе се изненадите како изгледа светот во очите на љубопитен истражувач.

Се е во истрајноста. Истрајноста е карактеристика со која се одликува не само Ајнштајн, туку и сите успешни луѓе. Истрајноста во своите стремежи и работата е тоа што ги донела до големи откритија. Дали верувате дека секој проблем може да има бар едно решение? Ако истраеме во желбата да решиме некој проблем , ќе го согледаме од сите агли и ќе пристапиме на сите можни начини, сигурно ќе пронајдеме бар едно решение. Затоа не плашете се од препреките, доколку вас ве одликува истрајност ќе го надминете секој проблем!

Правете грешки. Вистината е доколку не се обидете и по пат не направите некоја грешка нема ништо ниту да постигнете. Тоа значи дека морате да се соочите со стравовите и да зачекорите во непознатото. Осмелете се да откривате, но осмелете се и да правите грешки. Тоа е ставот кој ги одвојува успешните и неуспешните. Никогаш нема да научите да ги совладате сопствените стравови доколку не се обидете и не погрешите обидувајќи се.

Знаењето произлегува од искуството. Што прво помислувате кога ќе видите некоја особа која зрачи со знаење и способност да ја извршува својата работа? Мислите дека таа особа тоа се негде го научила, од книги, од скрипти од бројните лекции и предавања? Грешите тие особи поседуваат пред се големо искуство! Нивното искуство и доживеаните ситуации се заслужни, што на вас ви се чини дека тие се извршуваат со леснотија

Едноставност. Позната ви е ситуацијата кога некој објаснува едноставна работа на “грандиозен” начин користејќи “големи” зборови? Нема потреба да ги комплицирате работите! Што повеќе се трудиме нешто да го направиме и претставиме комплицирано и сложено, се помалку ја разбираме самата суштина. Сетете се на вашите најдобри професори. Како тие ви ги објаснуваа лекциите? Едноставно користејќи разбирлив вокабулар и на начин разбирлив за сите. Доколку се работите едноставни немојте да ги правите комплицирани. Тие што го прават тоа и се обидуваат да бидат “паметни” со тоа што користат големи зборови а во суштина ниту самите не разбираат што зборат. Ако не знаете како да му објасните на дете од 6 години не го разбирате ниту вие.

Креативност. Инспирирајте ги другите да го работат тоа што го сакаат. Користете ја својата креативност и создавајте, никогаш не знаете како вашата работа ќе влијае на другите и можеби и нив ќе ги инспирира за да создаваат. Бидејќи креативноста е заразна, пренесете ја понатаму! Дали ќе ги запамтите предавањата и информациите кои некој на вас само ви ги презентирал без никаков жар и дух или информациите кои некој ви ги пренесува на инспиративен начин, со вистинска желба да ви покаже. Ние не сме празни садови во кои треба да се точи знаење во нас треба да се запали искрата на љубопитноста, тоа што ќе го слушнеме и научиме и да посакаме да го примениме.

Бидете отворени за нови знаења. Учењето е животно патување. Не е доволно само да собирате информации, потребно е тие информации да се применат. Потребно е да научите и разберете како работите функционираат, а како не. Ама секогаш треба да знаете дека учењето не е униформиран процес и ист за сите, сите ние доживуваме различни патувања.

error: Content is protected !!