Еу се наоѓа пред колапс предупредува George Soros

Коктелот од Brexit, емигрантската криза и можниот банкарски колапс може да стане смртоносен за ЕУ, додека светскиот финансиски систем стои пред прагот на уште една нова катаклизма, смета американскиот инвеститор George Soros.

“После Brexit на ЕУ и се заканува смртна опасност” изјави Soros за италијанскиот весник “Corriere della Sera”.

Европа, додаде тој може да преживее само ако се претвори во таков сојуз во кои би сакал да се приклучи и Лондон во кои не би бил организиран уште некој “Brexit”.

Спрема неговите зборови, емигрантската криза во Европа е успорена после затворањето на балканската рута, но не треба да се мисли дека ситуацијата ќе остане стабилна, без разлика што засега изгледа дека Европјаните не се против емигрантите.

Властите во Италија и во другите земји треба да покажат реална спремност да ги решаваат заеднички проблемите до кои ги доведе, политиката на ЕУ спрема бегалците.

“Тоа е во потполност прашање на политичка воља. ЕУ поседува недопрени ресурси кои можe да ги искористи. Ако сега не ги искористи кога се наоѓа на граница на живот или смрт, кога?” се прашува американскиот милијардер.

George Soros смета дека договорот помеѓу ЕУ и Турција е несигурна база за нова политика на ЕУ спрема бегалците.

За да преживее ЕУ треба итно да преземе одлучни мерки, смета милијардерот, пренесува Sputnik. Пред се, треба да биде формулирана јасна разлика помеѓу ЕУ и еврозоната.

Најслабата карика на самата еврозона спрема мислењето на George Soros е токму Италија каде што нејзините банки “плачат” за итно оздравување. Тој предлага да се воведат санкции за институционалните инвеститори, а на приватните да се надоместат загубите.

Освен тоа Soros како неопходен услов за да преживее ЕУ ги посочи почитувањето на финансиската дисциплина и правилата на банкарскиот сојуз.

error: Content is protected !!