Еве што би направил Bill Gates ако има само 2 долари на ден

Еве што би направил најбогатиот човек на светот основачот на Microsoft, Bill Gates ако има само 2 долари на ден. Како што речиси една милијарда луѓе живееат во екстремна сиромаштија?

Тој би одгледувал пилиња, објаснува во неговиот пост.

“Нема единствен точен одговор се разбира и сиромаштијата изгледа различнo на различни места” ќе додаде Bill.

Но преку мојата работа со фондацијата, запознав многу луѓe во сиромашните држави кои одгледуваат пилиња, и научив многу за деталите кои ги имаат овие птици. Сосема ми е јасно дека сите што живеат во екстремна сиромаштија ќе бидат во подобра ситуација ако тие имаат пилиња”

Тој би го направил тоа заради четири главни причини:

  • Тие се ефтини и лесни за одгледување
  • Тие се добра инвестиција
  • Конзумирањето пилешко и јајца е добро за тебе
  • Тие можат да генерираат приход кои ќе ги еманципира жените да преземат активни претприемачки улоги во нивните заедници.

Како што Chris Weller од Tech Insider ќе изнесе ” Преку истражувањата и патувањата во Западна Африка, Bill Gates открил дека после период од три месеци, сопственикот на 8 до 10 пилиња може да произведе група од 40 пилиња. Со продажна цена од 5 долари по пиле, на што Bill Gates забележа дека се типични за Западна Африка, а сопственикот на пилињата може да заработи над 1000 долари годишно. Линијата на екстремна сиромаштија, се движи околу 700 долари годишно”.

Melinda Gates е на иста страна со нејзиниот сопруг. Затоа нивната фондација е во партнерство со Heifer International, добротворна организација која донира жива стока на сиромашните фамилии во светот, и си постави за цел да помогне на 30% од фамилиите во Супсахарска Африка да одгледуваат пилиња, од сегашните 5%.

“Можеби звучи смешно, но го мислам тоа кога ќе кажам дека сум возбуден за пилињата” напиша Gates.

Фондацијата Bill & Melinda Gates е најголемата приватна фондација во светот, основана е од Bill и Melinda Gates во 2000 година.

error: Content is protected !!