ЕБОР организира обука за „Развој на извоз и извозна стратегија”

Обуката „Развој на извоз и извозна стратегија“, која ќе се одржи на почетокот од октомври во Скопје во организација на Европската банка за обнова и развој, е наменета за бизнис консултанти кои со своите клиенти разработуваат извозни стратегии и планираат влез на нови пазари.

Обуката ќе ја спроведе г-н Џон Рид од Британскиот Институт за извоз, кого ЕБОР го избра затоа што е искусен консултант со богато меѓународно искуство во областа на извозен консталтинг. Тој е основач на консултантската компанија Exportaid во 2002 година, после 16 години искуство во продажба на 32 пазари ширум светот и 8 години искуство во продажба на машини за потребите на шумската индустрија во Северна Америка, Западна и Јужна Африка, Среден Исток и Индија и 8 години во продажба на подни облоги во Европа, Турција и Русија.

Exportaid денес им помага на бројни компаниии од различни индустрии во освојување на интернационални пазари. Џон активно работи со своите клиенти во намерата тие да добијат странски зделки, патува и ги претставува на посакуваните пазари и им помага во имплементација на нивните 5-годишни интернационални планови.

Во текот на четиридневната обука, учесниците ќе научат:

• Како функционира светската трговија?
• Ќе дознаат кои информации им се неопходни на нивните клиенти за да изработат стратегија за влез на странски пазари
• Ќе го разберат процесот на планирање за влез на нови пазари
• Ќе стекнат знаење, вештини и сигурност да пристапат во процесот на креирање извозна стратегија

Оваа обука ќе им овозможи на бизнис консултантите да научат методи и техники кои ќе им помогнат ефикасно да испорачаат консултантска услуга за извозна промоција на компаниите кои им се клиенти и за нивни потреби да развиваат извозни стратегии.

Ќе научат како да ги водат своите клиенти во текот на целиот процес: од проценка дали е вистинско време за извозен поход, до селектирање на вистинските извозни пазари, методологијата за влез на нов пазар вклучувајќи познавање на специфичните регулативи и ограничувања кои ги имаат различните пазари.

Освен што ќе учите искусни тренери, ќе имате можност да се запознаете и со други консултанти, да учите едни од други и да ја проширите својата професионална мрежа на контакти.
Обуката ќе се одвива на англиски јазик.

Пријавувањето е во тек на petricht@ebrd.com или на +389 2 3135 078 и +389 75 492 224

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!