Bernie Sanders ги повика своите поддржувачи да ја подржат Hillary Clinton тие возвратија со свирежи

Bernie Sanders ги повика во понеделникот на националната конвенција на демократите во Philadelphia своите поддржувачи да ја подржат Hillary Clinton, неговиот противник во демократската претседателска номинација, на тоа неговите поддржувачи одговорија со свирежи и негодувања порачувајќи дека го сакаат него.

Bernie Sanders го критикуваше републиканскиот претседателски кандидат Donald Trump предупредувајќи дека тој е опасен за иднината на земјата и порачувајќи дека “мора да биде поразен” но некои од присутните упатија свирежи кога кажа “Hillary Clinton мора да биде избрана”

“Браќа и сестри живееме во реален свет а Trump е насилник и демагог” на тоа дел од присутните одговорија и Hillary е исто така.

“Таа ги украде изборите” довика некој од присутните.

Демократската партија е потресена од објавувањето на повеќе од 19 000 e-маилови од Демократскиот национален одбор, нејзиното управно тело, а во петокот на WikiLeaks беше откриена пристрасноста спрема Clinton а на штета на Sanders , на што и тој самиот се жалеше за време на трката со Hillary Clinton.

Испитувањето на јавното мислење кое го објави CNN/ORC во понеделникот покажува дека Trump има водство од 3 процентни поени пред Hillary Clinton. Анкетата е спроведена од 22 до 24 Јули, а маргината за грешка изнесува 3,5 процентни поени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!