Договорено е да продолжи изградбата на Турски тек?

Донесена е политичка одлука да се продолжи со градењето на гасоводот Турски тек како и на нуклеарната електрана во местото Akkuyu, пренесува руската агенција цитирајќи го Nihat Zeybekci.

Се наведува дека е закажан состанок помеѓу претседателите Vladimir Putin и Recep Tayyip Erdoğan на 9 август во Санкт Петербург како би се постигнал конечен договор.

Претходно заменик рускиот министер за енергетика Yuri Sentyurin изјави дека делегациите на Руската федерација и Турција разговарале за продолжување на проектот Турски тек. И потврди дека за тоа наскоро ќе бидат одржани одвоени состаноци.

Исто така рускиот вицепремиеp Arkady Dvorkovich и неговиот турски колега Mehmet Şimşek се состанаа во Москва и во таа прилика изразија спремност за обновување на трговските и економските односи измеѓу двете земји, кои се нарушени поради турското соборување на руски воен авион во ноември минатата година пренесува, Reuters.

“Руските и турските официјални лица ќе разговараат за укинување на забраната за увоз на храна која Русија ја воведе после турското соборување на еден руски бомбардер во близина на сиријската граница во ноември минатата година”  изјави Dvorkovich.

Договорот за изградба на Турски тек е постигнат во декември 2014 година откако пропадна проектот за гасоводот Јужен тек. Гасоводот треба да пренесува гас од Русија преку Црното море за Турција, од каде што ќе биде дистрибуиран во земјите на Европската унија.

После состанокот со рускиот министер за енергетика турскиот министер за економија Nihat Zeybekci ја потврди спремноста на Анкара да се продолжи со изградбата на гасоводот. ” Ние сме отворени за изградба на првиот крак на Турскиот тек” рече тој, а пренесе руската агенција Tass.

Македонија не беше планирана, за низ неа да поминува Јужниот тек, подоцна се постигна договор да се одвои крак за неа преку Србија или Бугарија, а ситуацијата драстично се промени кога пропадна Јужниот тек и се најави изградбата на гасоводот Турскиот тек кој од Русија преку Црното Море ќе иде за Турција а од Турција преку Грција и Македонија за Србија и ќе влезе во ЕУ преку Унгарија. Се спомнуваа бројки од преку 100 милиони долари на годишно ниво кои Македонија би ги добивала како транзитна такса затоа што низ неа ќе поминуваше гасовод.

Од Турција до Балканот имаше големи политички потреси што многу аналитичари ги поврзуваат токму со овие енергетски проекти, а најновиот пресврт во релациите Русија и Турција се случи по неуспешниот пуч во Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!