Што младиот Jeff Bezos точно предвиде пред 20 години
Овие денови најчесто може да го видите Bezos како зборува за иднината на Alexa и за вселенскиот туризам, но имаше едно време кога Amazon само книги продаваше и Bezos се уште имаше коса. Ова интервју кое е снимено во Јуни 1997 година може да го видите младиот Bezos како зборува за неговата одлука, зошто се одлучил да го отвори Amazon и дискутира за дигиталните маркетинг стратегии од девеесетите години.
Во видеото се зборува и за иднината на интернетот и како оваа “нова технологија” ќе го промени бизнисот и потрошувачката динамика. Некои од изјавите на Bezos на интервјуто може да изгледаат доста очигледни во денешно време, но легендарниот претприемач беше без никаков сомнеж пред времето и неверојатниот успех на Amazon денес, го прави сето тоа повеќе од очигледно.