Asus ROG GX700 е првиот вистински гејминг лаптоп со водено ладење

Кога е топло, компјутерите тешко работат, а програмите потешко се отвараат, а единственото вистинско решение е воденото ладење.

Воденото ладење му овозможува на лаптопот Asus ROG GX700 во неверојатнo тешки услови да работат беспрекорно игрите и не само тоа туку и да работат многу побрзо од тоа што очекуваме. Тајната е во Асусовиот hydro overclocking system кои ги лади сите компоненти да можат да работат оверклокирани. Така на пример процесорот на Intel Core i7 6820HK не работи на нормална фреквенција од 2,7 GHz, па ниту на можната максимална од 3,6 GHz, туку на фреквенција од дури 4 Ghz.

Исто така GeForce GTX980 графичката не работи на нормална брзина, која инаку влече 180W, туку за 20% повисока фреквенција. Процесорот работи на 30% помала температура, отколку што би работел при нормално оптеретување без водено ладење  и (оверклокинг) ова исто важи и за процесорот на графичката со тоа што овде разликата е уште поголема дури 33%.

Покрај сето тоа, Асус гарантира и за заштита против корoзија: сите компоненти се заштитени од тaa опасност коja инаку знаe да се појави кај воденото ладење, а тука е две годишната гаранција, наместо едногодишната гаранција која е вообичаена за вакви конфигурации.

И останатите карактеристики на овој лап топ се на високо ниво: RAM меморијата e 32 GB DDR4, тука се и двата диска од 256 GB, и двата SSD. USB приклучоци има дури пет, од кои три се USB 3.0 a еден е USB 3.1 од типот C, има уште еден таков со подршка за Thunderbolt. Екранот е со големина од 17,3 инчи кој е ултра тенок, така да овој преносен компјутер има тежина од скоро четири килограми.  За полесно да го однесете на Lan party, за таа пригода ќе добиете и посебен ранец, а во него ќе се најде и гејминг маус.

Цената на овој преносен ѕвер e прилично висока, а најевтино може да го најдете за околу 4100 евра!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!