Филозофијата на успехот на Jack Ma

Jack Ma за почетоците на неговата кариера

Аплицирав за Харвард, но бев одбиен дури 10 пати.

Кога KFC дојдоа во Кина, поточно во мојот град, 24 луѓе аплицираа за работно место, од нив 23 ги вработија, а јас бев единствениот човек што не го прифатија.

Jack Mа за половата еднаквост

Една од тајните за успехот на Alibaba е тоа што имаме многу жени, впрочем 47% од нашата компанија се жени. Ако сакаш да победиш во 21от век, давај овластување на другите. Осигурај се дека другите луѓе се подобри од тебе, и ќе бидеш успешен. Открив дека жените мислат повеќе за другите отколку што мислат за себеси.

Jack Ma за економијата

Денес, Кина е втората најголема економија во светот. Кина треба да обрне внимание на квалитетот на економијата. Исто како и човековиот раст и развој, во одредено време растот на телото ќе успори, но осигурај се дека твојот ум, култура, мудрост, вредности растат. Мислам дека Кина се движи во таа насока.

Jack Ma за парите

Кога имаш една милијарда долари, тоа не се твои пари, тоа е довербата што општеството ти ја има дадено тебе.

Jack Ma за смелоста 

Многу луѓе со кои зборував тогаш за Alipay кажаа “Ова е најглупавата идеја што некогаш си ја имал”. Но, јас кажав “Не ми е гајле дали е глупава или паметна, се додека луѓето го користат тоа”. Сега имаме 800 милиони луѓе кои користат Alipay.

Jack Ma за Tai Chi

Tai Chi е како балансираш, како работиш, исто како натпревар. Кога се натпреварувам со Ebay, луѓето велат “Ти го мразиш Ebay”. Не, јас не го мразам Ebay, тоа е добра компанија, тие доаѓаат, јас одам. Како Tai Chi ти се бориш таму а јас одам на другата страна, ти се исправуваш, јас клекнувам тоа е мојата рамнотежа.

Jack Ma за подобрувањето на светот

Пред многу години сакав да го променам светот, сега мислам дека ако сакам да го променам, треба всушност да се променам себеси. Да се промениме себеси е поважно и полесно од променувањето на светот. Сакам да го подобрам светот, бидејќи променувањето на светот може е добра работа, но моја работа е да се осигурам дека мојот тим е среќен, бидејќи ако тимот е среќен, тогаш тие можат да ги направат моите потрошувачи среќни.

Jack Ma за бизнис моделите

Се сеќавам кога еден топ менаџер од Walmart, дојде во Хангџоу пред пет години и јас кажав ‘Можеби за десет години ќе бидеме поголеми од Walmart’. Тој кажа “Ти имаш добра надеж”. Ако сакаш да имаш десет илјади нови потрошувачи, треба да изградиш нов магацин и уште многу други работи, но за мене, беа потребни само два сервера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!