Земјите со највеќе милионери во светот
Според извештајот на Credit Suisse за глобално богатсво, ниту една држава ниту приближно нема толку милионери како Соединетите Американски Држави. Со 15,7 милиони милионери САД се домот на 46% од глобалната популација на милионери. Велика Британија се наоѓа на второто место со 2,4 милиони милионери, додека Јапонија е на трето место со 2,1 милиони милионери.