5 психолошки трикови за подобра продажба
Додека целта на психијатрите е да помогнат на другата личност да дојде до некое лично постигнување, целта на луѓето што работат продажба е да ја заклучат продажбата. Но ако погледнете подлабоко во принципите, техниките и начините кои двете професии ги имаат ќе видите сличности.
Еве 5 клучни трикови како подобро да продавате, користејќи ги техниките на психијатрите, пренесува Inc.com.
1.Способност да изградите емпатија
Луѓето купуваат од оние кои осеќаат доверба и со кои им е пријатно. Кога продавачот има емпатија спрема купувачот, тој точно знае кои се неговите потреби и проблеми, и може да понуди решение. Сајтот „Psychology Today“ цело време ja нагласува важноста на довербата која психијатерот ја гради со клиентот , како и емпатијата. Да се најде продавач кој знае како да се поврзе, да изгради однос , да слуша и да одговори е важно за успехот на работата.
2.Способност да слушате и да бидете природно љубопитен
На претходната точка се надоврзува и ова – важноста на слушањето. Способноста внимателно да слушате и поставувате клучни прашања- се незаменливи и кај психијатрите и кај продавачите.
3. Kомуницираат ефикасно
Продавачите би требало да говорат убедливо ефикасно и концизно. Би требало да го прилагодат тонот, дикцијата и брзината на говорот на темпото на клиентот. Психијатрите често се сретнуваат со пациенти кои имаат преку 50 години, и се свесни дека мораат да го прилагодат својот речник спрема сите.
4. Емотивна стабилност
Кога клиентот ќе изрази фрустрација, страв, бес или лутина, клучна работа е продавачот да остане смирен. Особината да влијаете на нечии емоции и емотивна стабилност е една од важните особини кај луѓето кои работат во продажба. Истото тоа важи и за психијатрите. Тие помагаат на емотивниот живот на своите пациенти а истовремено не покажуваат фрустрација или тага.
5. Емоционална интелегенција
Во суштина, емоционалната интелегенција опфаќа се од претходно наведеното. Бидејќи емоционално интелeгентната особа има и покажува емпатија, знае да комуницира, да слуша, стабилна е, а со тоа и трпелива и свесна за себе, способна да разбира, ги предвидува и се однесува во склад со чувствата на клиентите.