Дводневна работилница по метода на Лујза Хеј

Оваа моќна дводневна програма креирана лично од Лујза Хеј, ќе ви пружи знаење, разбирање, инспирација ,ќе научите конкретни алатки кои ќе ви помогнат да се соочувате со животните предизвици, да ги надминете проблемите и да почнете да живеете исполнет живот.

Работејќи на сите аспекти од вашето постоење умот, телото, емоциите и духот, ќе научите како да се ослободите од негативните мисли,несвесните обрасци на однесување, потиснатите емоции, како да го излекувате минатото, да создадете добар однос кoн себе и другите и како од состојба на самокритичност да преминете во состојба на љубов и самоприфаќање.

Темите кои ќе ги работиме се:

-Негативни верувања
-Лекување на внатрешното дете
-Поврзаноста на мислите со телесните симптоми
-Деструктивни модели на однесување
-Семејни односи и нивното влијание на нашиот живот
-Ослободување од потиснатите емоции
-Простување
-Љубов кон себе
-Визуализации
-Пишување на новата приказна

Овие два дена ќе ве одведат на сосема ново ниво на размислување, ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, да се ослободите од негативноста и стравот, да го почувствувте внатрешниот мир, на здрав начин да се ослободите од потиснатите емоции, да ги решите вашите предизвици во врските, финансиите, кариерата и најважно од се трајно да го поправите односот кон себе

Ако се прашувате што е тоа што можете да добиете од оваа работилница, одговорот е: СЕБЕ

Илина Ведран е мотивациски говорник, тренер за личен развој и првиот лиценциран тренер по методата на Лујза Хеј во Македонија

Цена со ПОПУСТ за пријави до 15 август : 6200 денари

Редовна цена: 9300 денари

50% попуст од редовната цена за повторување на работилницата

Можност за плаќање на 3 рати по 2100 денари (јули, август и септември)

По завршување на работилницата учесниците добиваат сертификат за присуство на Heal Your Life тренинг за развој на животни вештини

Пријави и информации на тел 076 269 268

Дојдете со отворено срце и спремност за промена 🙂

Датум:  Од 3 септември 10 часот до 4 септември 16 часот

Локација : ТЦЦ Гранд Плаза

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!