LinkedIn стигна до 450 милиони корисници
Откако беше објавено дека LinkedIn наскоро ќе биде преземен од Microsoft, објавени се и финансиските резултати за вториот и последен квартал на LinkedIn како самостојна компанија.
Од финансискиот извештај се гледа дека LinkedIn во вториот квартал остварил приходи од 933 милиони американски долари и заработка по акција од 1,13 долари.
Компанијата моментално има 450 милиони корисници на LinkedIn , но само 25% од нив редовно го користат. Поточно LinkedIn редовно го користат околу 106 милиони корисници, што е во целост еднакво на бројот на корисници кои редовно го користеле LinkedIn и во првиот квартал оваа година (кога LinkedIn имал вкупно 433 милиони корисници).
Згора на тоа бројот на такви корисници е речиси непроменет уште од вториот квартал во 2015 година, па останува да видиме како новиот власник на LinkedIn ќе успее да го реши тој проблем.