Летна академија за ЕУ Фондови и Грантови (EU Funding Summer Academy – Access To Finance)

Учесниците на Академијата за ЕУ фондови (EU Funding Accelerator & Academy) добиваат едукација, подготовка и изработка на апликација за грант, со вклучени 5 дена престој во хотел Инекс Горица во Охрид во еден од термините во месец Август и Септември. Ќе имаат можност да работат со партнери и странски експерти консултанти од ЕУ земји членки.
Учеството е наменето за сите правни лица и за физички лица претставници на организации, или пак за лична надоградба за сертифициран (EU Funding Manager)!

За оние кои сакаат да се вклучат во годишната програма за подготовка на апликации за ЕУ грантови, нудиме 3 дневни и 5 дневни тренинг обуки преку лето кои ќе ви овозможат да стекнете есенцијални, практични и напредни знаења и вештини за успешно да го менаџирате процесот на аплицирање, добивање и имплементација на грант.
Ова е бенефит за вашето правно лице, за развој на нов производ, за набавка на нова опрема, за продирање на нов пазар, комерцијализација на иновација или промоција на вашата компанија или организација.
Обуките и модулите кои може да ги изберете ги покриваат програмите: HORIZON 2020, COSME 2014-2020, Europe for Citizens, Media Program, Creative Europe, Erasmus+.

*Датумите за кои можете да аплицирате за 5 дневна летна школа (Modul 5day:) за ЕУ фондови и грантови се следните:
1) Термин: 27-31 Август 2016, Охрид
2) Термин: 03-07 Септември 2016, Охрид
3) Термин: 13-17 Септември 2016, Скопје
Котизација: 15,150ден
(со вклучено: обука, материјали, (draft App), сертификат, транспорт од поголемите градови во МК, сместување, полн пансион доручек, ручек, вечера)

*Датумите за кои можете да аплицирате за 3 дневна летна школа (Modul 3day) за ЕУ фондови и грантови се следните:
1) Термин: 27-29 Август 2016, Охрид
2) Термин: 03-05 Септември 2016, Охрид
3) Термин: 13-15 Септември 2016, Скопје
Котизација: 9,400ден
(со вклучено: обука, материјали, (draft App), сертификат, транспорт од поголемите градови во МК, сместување, полн пансион доручек, ручек, вечера)

*Сите учесници добиваат сертификат при успешно завршената работа и проверка на знаење на избраниот модул од летната академија кој го посетувале.

Дадете им можност на вашите идеи да станат реалност?
Имате идеја за проект која би имала големо влијание, но немате доволно средства да ја реализирате?
Сте слушнале за можностите за финансирање со помош на програмите на Европската комисија, но не сте сигурни како да стигнете до тие средства?

Ако вашиот одговор на поставените прашања беше ДА, тогаш можете да бидете сигурни дека сте на правото место.

Низ периодот летната школа за ЕУ Финансирање во Охрид, ние поставиме нови темели во едукативниот процес и практична подготовка на вашите апликации. Со помошта на веќе истакнати консултанти од земјата и од странство, дозволете ни да ви го покажеме целосниот процес на изработка на една апликација за ЕУ проект, како и можностите кои ЕУ ги нуди на Македонија и бизнисите во неа.

Не секогаш е лесно да се отворат нови можности за надоградба на вашиот бизнис, но кога таа можност е пред вашите врати, останува на вас дали ќе ја отворите таа врата и искористите можноста за користење на овие наменски фондови кои се на располагање.

Ве очекуваме!
+389 02 311 0505
+389 02 311 1455
+389 72 724 166
akademija@ilumine.mk

Локација: Инекс Горица Охрид

Линк за регистрација : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSffGvCwZS7ftQUGEdbcA3KwTTNNMGrvzN0Jg6kAKisvrkiYWw/viewform

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!