На Startup Macedonia му треба вашата поддршка

Startup Macedonia e асоцијација која е формирана од стартап заедницата, со цел е да и помогне на стартап заедницата. Но, на почеток потребно ни е помош да креираме бренд.

Затоа објавуваме повик до македонските дизајнери да се приклучат на стартап заедницата, да и дадат поддршка на Startup Macedonia и да креираат лого за асоцијацијата. Идеите во векторски формат праќајте ги на startupmacedonia (at) gmail. На крај ќе ги објавиме сите идеи. Ќе го замолиме дизајнерот да го отстапи правот на користење на логото кое ќе го одбере Startup Macedonia. ?

Идејата за да се стартува Startup Macedonia како асоцијација доаѓа од група на стартап ентузијасти, експерти, инвеститори, акцелератори и организации кои имаат заедничка цел – да ја поврзат македонската стартап заедница и да ги охрабрат и помогнат стартапите да креираат поволна и креативна средина за работа.

Македонскиот стартап систем не е доволно развиен, но не поради недостаток на амбицијата, туку поради недостатокот на меѓусебната соработка, транспарентност и поддршка меѓу заедницата; кои се важни за градење на една здрава и креативна заедница.

Startup Macedonia ќе биде организација чии цели се следни:

  • Да го поттикне претприемачкиот дух, и да охрабри култура на иновации и стартап-инвестиции.
  • Да ја поврзе стартап заедницата и сите кои се вклучени во еко-системот.
  • Да креира дата база на стартапи, ментори и експерти кои ќе споделуваат знаење.
  • Да креира средина каде ќе се разговара отворено за проблемите и решенијата, и заедно ќе се работи кон поголема иновативност.
  • Идентификување на проблемите, решенијата и елиминација на бариери кои го ограничуваат развојот на стартапите во Р. Македонија.
  • Подобрување на правната регулатива која се однесува на стартапите и зголемување на атрактивноста за инвеститори надвор од Р. Македонија.
  • Да ги промовира и поддржи настаните, хакатоните и демо деновите.
  • Да поттикне соработка помеѓу македонските стартапи и интернационалните стартапи, стартап акцелератори и организации, фондови, и други иницијативи.
  • Да поттикне соработка помеѓу бизнис заедницата во Македонија за да се креираат закони и бизнис култура кои ќе поттикнат иновативност.
    ….

Секој може да се вклучи во Startup Macedonia. Aко сте организација или институција пополнете ја оваа форма, ако сте стартап, пополнете ја оваа форма.

Веб страната на Startup Macedonia e http://startupmacedonia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!