Спа Викенд Ритрит во Банско „Сонце, Јога, Енергија“

Веројатно сите често размислуваме за тоа дека е време да престанеме само да размислуваме, планираме и зборуваме. Дека нѝ е потребно да одвоиме време и простор за себе и за своите лични потреби, без разлика дали се работи за здравје, стрес, релаксација, едукација или одмор.

Чувствувајќи го ова, подготвиме одлична програма за која што се потрудивме да опфати повеќе аспекти на потребите за личен развој, а која воедно вклучува и забава, дружење и уживање во природните убавини на Банско.

Постојаната работа на себе бара да одвоиме време и простор каде ќе можеме да се посветиме на себе и да обрнеме внимание на сите оние делови кои треба да ги преточиме во целина и да станеме комплетна личност, што во денешното турбулентно време не секој си го дозволува.

Еден од начините за забрзан личен и духовен развој е повлекувањето од секојдневието во сигурен и безбеден простор на одредено време, каде со интензивна работа и примена на различни методи се обезбедува огромна поддршка на индивидуата и нејзиниот процес на промена, што доведува до полесно и побрзо будење и развивање.
Знаејќи ги потребите и важноста на личниот развој, ние од Лукс Интегра и Боди Лидерс, Ви нудиме единствена можност да нѝ се придружите на СПА викенд ритрит во Банско во периодот од 26-28.08.2016 година, каде ќе добиете знаење, вежби и релаксација кои ви се потребни за Вашето унапредување.

Поаѓање за Банско, петок, 26 август, во 17 часот

Пристигање во вечерните часови и вечера во хотелот.

ПРОГРАМА
Сабота, 27.08.2016

08:00 – 09:00 – Утринска јога со Весна Видовиќ
09:00 – 10:00 – Појадок
10:00 – 11:30 – Смеа јога – Весна Видовиќ
11:30 – 13:00 – Слободни активности
13:00 – 14:00 – Ручек
14:00 – 15:30 – Одмор
15:30 – 17:00 – Предавање – Елена Антоновска Едизер – МИНАТИТЕ ЖИВОТИ И КАРМАТА
17:00 – 18:00 – Медитација со Елена Антоновска Едизер
18:00 – 19:00 – Вечера

Недела, 28.08.2016

08:00 – 09:00 – Утринска јога со Весна Видовиќ
09:00 – 10:00 – Појадок
10:00 – 11:30 – Смеа јога – Весна Видовиќ
11:30 – 13:00 – Слободни активности
13:00 – 14:00 – Ручек
14:00 – 15:30 – Одмор
15:30 – 17:00 – Предавање – Елена Антоновска Едизер – ТРАНСЦЕНДИРАЊЕ НА ЕГОТО
17:00 – 18:00 – Медитација со Елена Антоновска Едизер
18:30 – Поаѓање за Скопје

Факултативни индивидуални сесии:

– Враќање во минати животи – Нехипнотичка регресија
– Rebirthing – Техника на дишење која ослободува од потиснати емоции како гнев, страв, тага и сл.
– Реики и Pranic Healing третмани

Предавачи и инструктори:
Елена Антоновска Едизер и Весна Видовиќ

Цена: 9300 денари (150 евра)

Цената вклучува:
– Учество на сите горенаведени активности во програмата (без факултативните)
– 2 Ноќевањa
– Појадок, ручек, вечера, ужини на шведска маса
– Алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 22.00 ч.
– Користење на СПА Центар – внатрешен и надворешен базен, џакузи, сауна, парна бања,фитнес центар.
– Wi-Fi интернет во целиот хотел , паркинг
– Организиран превоз: Скопје – Банско – Скопје

Сместувањето ќе биде Хотел „Мурите“ во Банско.
Хотелот можете да го погледнете на линкот: http://goo.gl/nosljk

Дополнителни информации и пријавување на телефон: 075/ 205 922 – Ана

Датум: 26-28 август

Локација: Хотел Мурите Банско

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!