South Central Ventures ја направи својата прва инвестиција во македонскиот стартап Letz
South Central Ventures (Enterprise Innovation Fund – ENIF) му посака добредојде на новата компанија во нејзиното портфолио: Letz. Тоа e стартап коj се наоѓа во Скопје, со канцеларии во Скопје и Амстердам. Letz е chatbot базиран на вештачка интелигенција кој се обидува на корисниците да им помогне во дневните активности. Оваа seed инвестиција од 100 000 евра е првата инвестиција на некој VC фонд што ја направил во Македонија.
Фаќањето во костец со предизвиците на продуктивноста со помош на вештачка интелегенција е тоа што го прави Letz атрактивно решение. Chatbot e компјутерски програм дизајниран да симулира интелегентна конверзација со корисниците и да ги мотивира, да ги споделуваат нивните дневни обврски, во форма на text chat на природен и привлечен начин. Некој од најголемите технолошки компании во светот го сметаат chatbot за најголемата работа после IPhone. Facebook лансираше bot платформа за Messenger, Microsoft исто прави своја bot платформа, Slack создаде фонд од 80 милиони долари за да го стимулира развојот на bots и другите програми кои се одвиваат во овој сервис. Според Business Insider messaging апликациите ги имаат надминато социјалните медиуми во број на активни корисници. Во 2015 година 75% од интернет корисниците низ светот имаа пристапено на messaging сервисите на мобилните уреди. Растот на популарноста на messaging апликаците е проектиран да продолжи, а eMarketer предвидува дека до 2018 година бројот на chat корисници што користат апликација низ светот ќе достигне 2 милијарди и ќе преставува 80% од корисниците на паметни телефони.
Основачите Нино Карас и Мартин Анчевски млади претприемачи со инженерско образование, работеа на развивањето на нивниот бизнис и создавање на тим уште од 2011 година. Тие се и ко-основачи на Codewell компанија за развој на софтвер. Во 2015 година тимот беше дел од Rockstart Accelerator Web & Mobile акцелератор во Амстердам. Rockstart исто така обезбеди поддршка во инвестирањето во новата компанина Letz.
Letz планираат да ја донесат продуктивноста на целосно ново ниво воведувајќи свеж, пријателски настроен и забавен начин да се организираат дневните задачи и да се намести потсетник. Chatbot симулира разговор, па корисниците ќе имаат чуство дека зборуваат со пријател, кој ќе биде таму во текот на денот да ги потсетува за задачите и дури и да ги расположи преку кажување шеги. Таргетот е млади професионалци и луѓе што не се занимаат со бизнис.
Letz донесува нова перспектива во однос на проблемите на личната продуктивност преку зголемување на продуктивноста на корисниците по пат на префинета и пријателска интеракција преку chat-от. Познатата интеракција и префинетото однесување ќе обезбедат целосна поддршка за корисниците во текот на денот помагајќи им да станат продуктивни без некој поголем напор. Инвестицијата од South Central Ventures ќе го забрза финиширањето и лансирањето на производот во неговата конечна форма, исто така ќе ни помогне и на нас да го пласираме продуктот на глобалниот пазар- Нино Карас ко-основач на Letz.
Инвестицијата ќе му помогне на тимот да го финишира развојот на продуктот и да ги распламти меѓународните маркетинг напори.
Секогаш е возбудливо кога ќе додадеме инвестиција во нашето портфолио, но Letz е посебен, како прва инвестција на South Central Ventures во македонски стартап, и сигурно нема да биде и последна. Кај нас веднаш, ни се допадна идејата на користење конверзациски интерфејс каде ќе го адресираме предизвикот со продуктивноста со која сите ние се соочуваме не само во бизнисот туку и во секојдневниот живот. Нино и Мартин успеа на дело да спојат заедно одличен, ревносен тим со многу знаење, и дојдоа со решение кое се фати во костец со овој предизвик, на природен и забавен начин. Ние ги здружуваме силите со нив да им помогнеме да јаваат на бранот на популарноста на chatbots и да го искористат потенцијалот на Letz во целост – Tatjana Zabasu, Partner, South Central Ventures
Лансирањето на продуктот е закажано за 5-ти октомври.
Macedonian Business Hub им посакува многу успех на меѓународен план на Letz, и се надева дека нивниот пример ќе го следат и останатите македонски стартапи.