Afterwork дружење со Петар и Калин
Драги пријатели,
Со задоволство ве покануваме на дружење, убав разговор, и некој бесплатен совет со создавачите на успешни брендови во Македонија и пошироко, Петар Лазаров и Калин Бабушку.
• Како да се изгради успешен бренд во Македонија?
• Колку е лесно еден бренд да остане конкурентен на пазарот?
• Како да се создаде успешна приказна?
• Каде најчесто се греши при градење на бренд?
… ќе бидат дел од темите на заедничкото дружење.
Местото на заедничкото дружење е Public Room, каде што ве очекува одлична забава, мотивација и едукација. Дружењето започнува на 15 септември во 17.00 часот и ќе трае до 19.00 часот.
Слушнете ги почетоците на Петар и Калин и нивните предизвици за создавање на познатите брендови „MAMA’s – традиционални домашни рецепти“ кои се извезува во повеќе од 30 земји во светот и „Tip of the week“ – Прирачниците за личен и за професионален развој кои за само две години од нивното издавање се продадени во тираж од над 13.000 копии во Македонија, а веќе успешно се етаблираат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Не заборавајте да ги донесете вашите прирачници за личен потпис од страна на авторите, а учесниците кои ќе бидат најмногу активни на настанот ќе добијат брендиран „Tip of the Week“ подарок.
Целото дружење ќе биде заокружено со дегустација на одличните МАМА’S производи.
Влезот е слободен.
Ве очекуваме!!!