Weekly Dose of Acceleration powered by GIST Innovation Hub
Четвртата сезона на Weekly Dose of Acceleration ja започнуваме со нов официјален партнер, GIST – Global Innovation trough Science and Technology, со чија поддршка ќе работиме во насока на зацврстување на заедницата и поддршка при развој на старт-ап бизниси во Македонија. Целта е да ви помогнеме на сите Вас кои имате бизнис идеја или сте заинтересирани да научите нешто повеќе за некоја од темите подолу и да го споделите своето искуство со другите, а истовремено да добивате континуирана поддршка од експерти во индустријата.
Настаните ќе траат 6 месеци со 2 средби месечно.
Она што се случуваше во изминатите 3 години, беа мотивациони предавања и дискусија околу најдобрите практики, искуство, споделување совети помеѓу учесниците и предавачите, како и креирање на мотивирана заедница која што ќе си помага меѓусебно.
Во оваа сезона воведуваме новитет, со тоа што секоја средба ќе биде поткрепена со конкретна тема на разговор во областа на формирање старт-ап, каде што :
– ќе има водечки професионалци во дискусијата, од конкретната индустрија или проблематика
– ќе ставиме акцент на вашето искуство и вашиот бизнис, каде што ќе можете да закажете термин за презентирање
– ќе дефинираме улога на секој учесник и како секој може да помогне со ресурси, знаења, искуство и контакти за останатите учесници
– програмата ќе помогне во секој чекор на основањето на старт-ап во Македонија
Темите ќе бидат структурирани со цел да ви помогнат во било кој чекор при основање на старт-ап и најчесто ќе бидат зависни една од друга, па за да извлечете најголема вредност од целиот проект ви препорачуваме да ги следите сите сесии во областа на: претприемништвото, финансии, пристап до пазари, маркетинг, бизнис план и ќе овозможи константна поддршка во вашите професионални одлуки да навлезете во старт-ап светот.
Некои од темите кои што сакаме да ги опфатиме се наведени подолу, а доколку имате предлози за темите и за предавачите ве покануваме да дојдете на првиот воведен настан каде што ќе ја финализираме програмата.
Прва сесија:
– Вовед во GIST Innovation Hub
– Развој на претприемачки mindset
Втора сесија:
– Развој на идеи Idea generation
– Дефинирање на продукт и конкурентска предност
Трета сесија:
– Истражување на пазарот Market research
– Дефинирање на корисник и “Unique Value proposition”
Четврта сесија:
– Развивање на бизнис модел
– Политика на цени и стратегија
Петта сесија:
– Маркетинг за претприемачит
– Финансии и финансирање (Акцелерирање на вашиот развој)
Шеста сесија:
– Развој и презентација на “Sales Pitch”
– Exit стратегија
Резервирајте си бесплатен билет на: http://goo.gl/mXjBqN
Се гледаме!
Локација: NewMan’s Business Accelerator
Датум: Среда 7 септември од 17 часот