Запознај се со IThink Academy II
Запознај се со IThink е втор отворен и бесплатен настан за запознавање со iThink Академијата за деца од 8-14год.
[17:30- 18:30]
– Претставување на Академијата
– Забавно програмирање со Гораст Цветковски
– Сакам роботи со Александар Момировски
– Закуска и неформално дружење на родителите со претставници на академијата
Пријавувањето е бесплатно и трае до 10ти септември со пополнување на апликација од следниов линк: https://goo.gl/plmw2v
…
IThink е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија.
Програмата е склоп на 6 модули:
> Почни со ИТ
> Мистериите на интернетот
> Ајде да дизајнираме
> Забавно програмирање
> Сакам роботи
> Јас и другитe
Комбинацијата на модули е наше уникатно дело, а внатре секој од модулите комбинира конкретни стандардизирани препознатливи методологии, како на пример Микрософтовите програми за деца, потоа специјализирани софтверски алатки за дизајн и програми и хардверски сетови (роботи) за роботика и уште многу други изненадувања.
Без намера да звучиме претенциозно, со овој проект сакаме на децата да им обезбедиме иднина, знаејќи дека забрзано доаѓа ера на ИТ професионалци. Но поважно е дека и оние кои нема да ја изберат оваа област ќе мора да ги познаваат техннологиите и нивната употреба.
Повелете на првиот отворен (бесплатен) ден и запознајте се со IThink Academy.
Повеќе информации на https://goo.gl/jl8SiF
3097 404 и ithink@seavus.com
Датум: 12 септември од 17:30-18:30
Локација: Seavus Education and Development Center