Solveo и doXteam организираат натпревар за развој на дизајн и бренд стратегија за лансирања на нов дигитален производ
Проект: Развој на дизајн и бренд стратегија за лансирање на нов дигитален производ: Од код до продукт
Отворени места: до 16
Насоки на интерес: Студенти на Е-бизнис, Е-технологии, Маркетинг, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, ИТ Meнаџмент
Награда: 31.000ден. (за победничкиот тим)
Компанија: doXteam
Локација: DOXcafe, ул. Пиринска 29
Краен рок за пријавување: 30.09.2016
ЗА doXteam
Формирана во 2008, DoxTeam е една од водечките компании за развој на софтверски решенија во Македонија. Градењето на најдобри производи и тенденцијата да се пронаоѓаат нови софтверски решенија кои ќе бидат корисни за бизнис клиентите, се водечките цели на DoxTeam. Во досегашната работа DoxTeam има изградено повеќе технологии кои претставуваат голем чекор напред во развојот на корпоративен софтвер кој ги користи придобивките на облакот (cloud based enterprise software). Нивната пасија е развој на најразлични алатки и платформи кои се позиционирани на глобалниот пазар како Sportypal и DoxBee. Моментално работат на развој на нов дигитален продукт од кој очекуваат успех од глобални размери.
КЛУЧНИ ВРЕДНОСТИ НА DOXteam
- градење на глобални производи и услуги
- константно барање на нови иновативни решенија
- лидери на пазарот
- тим кој расте
Целта на соработката на DoxTeam и Solveo е развој на дизајн и бренд стратегија за лансирање на нов дигитален производ: Од Код До Продукт.
За време на овој проект ќе тргнеме од код кој можеме да го видиме само на екран и ќе стигнеме до продукт кој ќе се пробие на глобалниот пазар. Она што треба вие да го направите е да развиете go-to-market стратегија која ќе биде пропратена со развој на брендинг и развој на веб-страна, почнувајќи од нула.
Дигиталниот продукт на кој ќе се работи за време на проектот ќе биде подетално објаснет во понатамошната комуникација со извраните учесници.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?
- Да се направи истражување на пазарот (локален и глобален), анализа на конкурентите и дефинирање на клучни вредности на новиот продукт
- Да се дефинираат таргет потрошувачи и да се пронајдат потенцијални клиенти (на глобално ниво)
- Да се направи стратегија за нов бренд, позиционирање и пробивање на пазари
- Дизајн и брендинг на нов производ
- Дизајн решение и базичен развој на веб страна
- Тестирање на идејни решенија
- Биди тимски играч
- Биди спремен за предизвик
- Биди посветен на задачата
- Пополни формулар
- Присуствувај на сите работилници
- Дај се од себе
- Активирај ја твојата креативна енергија
1. KICKOFF 07.10 Петок 18:00 – 20:30
Запознавање, формирање групи, презентација на проект, презентација од фирма, вмрежување, brainstorming на идеи
2. DIVE IN 08.10 Сабота 11:00 – 14:00
Ревизија на бренд, истражување, презентација на алатки, идеи, идеи, идеи…
3. DEVELOP 09.10 Недела 11:00-14:00
Таргет пазар, кои се потрошувачи и позиционирање
4. DESIGN 12.10 Среда 18:00 – 20:30
Треба да е направено истражување и одржана барем една тимска средба. Дизајн, брендинг и истражување на канали за продажба
5. MVP 13.10 Четврток 18:00 – 20:30
Развивање и тестирање на прототип на веб-страна
6. FINALISE 16.10 Недела 11:00-14:00
Се очекува проектот да привршува, две до 3 тимски средби. Фидбек од компанијата и финализација на проектот.
7. PITCH 25/26.10 18:00 – 20:00
Подготовки за презентација, средба со фирмата, презентација на идеи и прогласување на победник!
*Секој тим ќе се состои од 4 до 5 членови од кои минимум еден дизајнер, еден маркетинг експерт и еден експерт во е-технологии. Одговорностите на секој член од тимот ќе бидат специфични за неговата експертиза. За натпреварот можете да аплицирате сами или со уште еден член, а тимовите ќе ги оформиме ние.
Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 04.10, а селекцијата ќе се направи според квалитетот, релевантноста и содржината на одговорите на прашањата во апликацијата.
*Доколку имате некакви прашања обидете се да ги пронајдете одговорите тука
Во случај да не го пронајдовте одговорот на вашето прашање, контактирајте не на hello@solveo.co
Линк за аплицирање најдоле на страната: http://www.solveo.co/natprevari-1-2/