CareerLaunch – саем за вработување
Пронајди ја својата работа од соништата на саемот за вработување CareerLaunch
Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје го организираат првиот стартап саем за кариера кој ќе ги поврзе професионалците и талентираните студенти со најдобрите македонски стартап компании.
Преку саемот за кариера сакаме да им овозможиме на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а стартап компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој!
Без разлика дали си студент, вработен или фриленсер, CareerLaunch е можност за индивидуите кои бараат прилика за започнување на кариера во тимови и компании кадешто постои интензивна средина за учење, и се негува креативноста и иновативноста.
Повеќе информации и пријавување за CareerLaunch на следниот линк http://bit.do/careerlaunch
Датум: 13 Октомври (четврток) од 14 до 19 часот
Локација: Public Room