Шеринг економијата е економија на денешнината

Кога некои поими ќе “пораснат” до одредена мера a под “пораснат” мислам на нивното значење и употреба станува се потешко да се дефинираат.

Ова е случај со поимот на “sharing economy” или економијата на споделување. Најпросто сфатено и наједноставно кажано се работи за систем/платформа која користи интернет/технологија, за да креиера врска помеѓу тоа што на луѓето им треба и тоа што другите луѓе го имаат.

Генерално, ова е сосем нов бизнис модел коj подразбира бајпасирање на институциите медијаторите… и  директно поврзување на двете страни во потребата да најдат, земат, изнајмат, дадат или продадат нешто. Ваквиот пристап коj овозможува, непосредност, брзина, директност, а во исто време ги намалува трошоците, ветува возбудлива слика, за економијата како што ја знаеме денес.

Системот на оваа нова економија е базиран на филозофијата на современата доба- пристап до добрата/ услугите наместо да ги поседуваме истите. Во исто време позицијата на самата технологија како “овозможувач” драстично е променета- технологијата не е тема само по себе туку средство.

За подобро да го разбереме поимот неговата примена и потенцијал да ги прифатиме основните принципи на шеринг економијата, важно е да ги разберете сите работи за шеринг економијата што се може да биде, или колку “лица” шеринг економијата може да има.

Кога има потреба за пристап (за содржина, услуга, продукт, можности) но не и поседување тоа го викаме економија од пристап, а најдобри примери се Netflix и Spotify.

Има нешто што се вика и економија на изнајмување, систем од слични принципи, кои постојат некое време, и на нов начин го третирaат традиционалниот пазар, како што е изнајмување лизинг, размена, споделување, давање… Некои форми од овој систем ги викаме, економија на поклонување, економија на соработка, peer to peer економија.

UBER  и сличнитe системи кои ги знаеме и од искуството на (Car:GoTaxify…) кои им овозможува на луѓето директно да ангажираат возач без да имаат потреба од такси услуги, или попрецизно да имаат пристап до производите и услугите без посредници; AirbnbeBay (кои овозможуваат продажба на непотребите предмети не само на луѓето што се наоѓаат во непосредна близина тука на сите кои имаат пристап до интернет( дома и во странство) или DogVacay (pet sitting, наместо стандардните хотели за миленици, чии услуги идат многу подалеку од едноставна грижа за миленици и дури вклучува осигурување и други бенефиции) се само некои од успешните примери.

Зошто приказната за ‘sharing economy’ е важна?

Некои ќе кажат дека е важна бидејќи му овозможува на “обичниот човек” пристап до добрата за кои во друг случај нема да може да има пристап или да ги поседува. Така Rent The Runway дозволува изнајмување на гардероба од познати дизајнери, додека апликацијата POSHMARK  им дава шансa да купат облека од Louis Vuitton или Chanel по многу поприфатливи цени.

Во фокусот се бенефитите за корисникот кој има повеќе контрола и заштедува пари, но не смееме да го игнорираме бенефитот кој овој систем ни го донесува на општеството и на животната средина. Ова е всушност платформа која ги споделува принципите на одржлив развој и рециклажа- помалку отпад, заштеда на ресурси бидејќи  повторно се искористуваат постоечките и така натаму.

Но сепак најголемата вредност за нас е тоа што можеме да го научиме… Особено оние кои професионално се соочуваат со барањето на одговорот за потребите на потрошувачите.

НОВА ПЕРСПЕКТИВА: Можност да се промени перспективата и дефинирањето на потребите (користење или поседување, пристап до или однесување), но исто време и дефинирање на одговорот на потребата, и дури и обезбедување на тој одговор.

ПРОФИТАБИЛНОСТ/ РАЦИОНАЛНОСТ, веќе на прв поглед, е јасно дека секторот на шеринг економија е многу по пристапен отколку секторот на традиционалната економија. И дека во најмала рака претставува озбилен предизвик на големите брендови по прашањето на трошоци. Трошоците на понудувачите, но исто и трошоците на побарувачите значително се пониски.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА: Спектарот на можности е речиси бескраен, бидејќи понудата се креира во релација на многу специфична, понекогаш и комплетно лична потреба. Затоа персонализацијата е ставена во темелот на овој пристап.

Конечено е време да го примениме во пракса сето тоа што го имаме научено. Времињата се менуваат, а со нив потрошувачите, а со тоа и брендовите, и нивниот пристап до потрошувачите и пазарот треба да тргне храбро напред.

error: Content is protected !!