Францускиот претседател ја одложи посетата на Варшава бидејќи Полска се откажала од купување хеликоптери на Аirbus
Француски претседател Francois Hollande ја одложи посетата на Варшава што требаше да се одржи следната недела бидејќи Полска се повлече од големиот договор за купување на хеликоптери Аirbus, објави неговата канцеларија во петокот.
Hollande требаше да ја посети Полска следниот четврток заедно со министерот за надворешни работи Jean-Marc Ayrault како дел од меѓувладините консултации, но неговата канцеларија објави дека таа посета се одложува.
“Франција одлучи да ја одложи планираната средба, после потврдата на полскиот министер за одбрана дека го откажуваат тендерот на кој победи Airbus во април 2015 година, со хеликоптерот Caracal” -истакнува извор од Париз.
Тој додаде дека во Полска на кратка посета ќе отиде само Ayrault.
Во вторникот Полска ги прекина разговорите со компанијата Аirbus, за купување на нивни 50 хеликоптери Caracal, договор кој би бил вреден околу 3,14 милијарди евра.