Аплицирајте и бидете дел од саемот за стартапи „Техноинвент 2016“
Техноинвент 2016 е програма во рамки на Технома, 42. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, чија што основна цел е иновациите да станат важна тема во деловата заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и стартап заедницата.
На Техноинвент кој ќе се одржи во Метрополис Арената од 18-22 октомври, ќе има саем на стартапи со цел претставување на нивната дејност и промоција на иновативните решенија кои ги нудат на македонскиот пазар.
За таа цел ги повикуваме сите стартапи кои се заинтересирани да земат учество со цел промоција на својата дејност, производи и услуги.
Потребни информации за аплицирање:
– Назив на стартап компанијата
– датум на основање
– кратко резиме
– опис на иновативното решение (производ/услуга) која ја нудат на пазарот
– лого во векторски формат
Бидејќи останати се само 8 слободни места, потребните информации доставете ги на marko.georgievski@fitr.mk најдоцна до 13.10.2016, до 14:00.
За учеството на саемот, стартапите не плаќаат надомест бидејќи се поддржани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.
*Повеќе информации за целиот настан можете да најдете на http://technoinvent.mk/