Германски „Костал“ официјално започна со производство во Охрид
Германската компанија Костал денеска и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за браунфилд производствен капацитет што ќе функционира во рамките на поранешните производствени капацитети на охридски ЕМО.
„Костал“ во Македонија, за наредните десет години планира да инвестира 30 милиони евра, и на подолг рок, автоматизацијата на производствениот процес, и да креира 800 работни места.
Германската компанијата Костал е една од четирите водечки фирми во светски рамки што произведуваат електронска и електронско механичка опрема за најсовремените и најпознатите автомобилски компании како фолксваген, мерцедес, бмв, форд и други и моментално има над 17 илјади вработени во свои производствени капацитети на 46 локации во 21 држава на четири континенти.
Во текот на изминатите девет месеци компанијата „Костал“ во Македонија има инвестирано околу четири милиони евра, вработувајќи 48 лица од Охридско-струшкиот регион. До крајот на оваа година планираме да вработиме околу сто луѓе и инвестиција од околу шест милиони евра. Покрај адаптација на погонот, инвестиравме и во неопходна стручна обука на вработените во Ирска и Германија. Нашиот тим веќе е вклучен во производството на електронски и мехатронски производи за „БМВ“, „Порше“, „Дајмлер“ „Форд“ во нашата македонска фабрика, истакна Јури Маклакхов, директорот на „Костал Македонија.