SW Skopje Academy: Од одлука до развој на Старт-ап во Македонија

Стартап академијата е иницијатива на организаторите на Стартап Викенд Скопје, која што ќе се одржува од 19ти до 21ви Октомври, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и се организира со цел да ги подготви и насочи своите учесници за нивно успешно претставување на претстојниот Стартап Викенд Скопје. На истата ќе имате можност да научите од локалните и странски експерти, да го слушнете нивното искуство и да добиете совет за вашата идеја.

Академијата вклучува три модули со времетраење од 2 часа и ќе ги опфати следните теми:

– Среда, 19 Октомври: Од едукација до старт-ап за време на студирањето;
– Четврток, 20 Октомври: Успешно брендирање, соработка со заедницата и корпоративниот свет;
– Петок, 21 Октомври: Пристап до ресурси, финансирање и презентирање на идејата.

Академијата е наменета за сите старт ап ентузијасти од различни индустрии, кои што имаат почетна бизнис идеја и сакаат да учествуваат на Старт-ап Викенд Скопје.

Картата за оваа академија изнесува 300 денари и со активно слушање на 90% од предавањата добивате бесплатно учество на Старт-ап Викенд Скопје

Карти на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/startup-weekend-academy-from-decision-to-building-a-startup-in-macedonia-tickets-28592019500

 

error: Content is protected !!