Техноинвент 2016

Техноинвент 2016 е програма во рамки на Технома, 42. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, чија што основна цел е иновациите да станат важна тема во деловата заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и стартап заедницата.

Организатори на Техноинвент (18-22 октомври) се Фондот за иновации и технолошки развој и Скопски Саем, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.

Настанот го поддржуваат и 12 организации од Македонија кои делуваат во сферата на стартапи, иновации, претприемништво: Сеавус Инкубатор, Регионален центар за социјални иновации, Хаб Скопје, Фондација Претприемачки сервис за млади, South Central Ventures фондот, Технолоџи Парк Тетово, Здружение на алумнисти на програмата СВТ, Македонија 2025, Асоцијација на стартап заедницата на Македонија Стартап Македонија, Funky Coworking Friday, Founder Institute Macedonia, СТАРТАП ЗОНА.

Цели на Техноинвент се:

• Поврзувањето на сите чинители во процесот на иновациите од – идеја до примена
• Поврзување на етаблираните компании со идеите на новите „млади“старт ап компании
• Поврзување со новите различни модели на претприемништво и бизнис концепции како хабови, инкубатори, акцелератори…
• Поврзување и запознавање со национални и меѓународни програми/проекти кои се реализираат во РМ и ги поддржуваат иновациите и споделување на искуства

Датум: 18-22 октомври

Локација: Скопски саем

error: Content is protected !!