Љубов и Бизнис – Мотивациска Конференција

Со голема радост и задоволство ве покануваме на оваа прва мотивациска конференција “Љубов и бизнис„ , која ќе ви пружи доста знаење, инспирација, мотивација и сосема нов поглед на вашата работа и бизнисот.

Оваа конференција носи гласна порака која од корен го менува пред се односот кон себе и пристапот кон работата. Учесниците на оваа конференција се сопственици на бизниси од различни дејности, но сите имаат нешто заедничко, делуваат од срцето со страст кон својата работа. Тоа е причината поради која успеваат и ги постигнуваат своите цели без разлика на надворешните влијаниа.

Целта на оваа конференција, покрај мотивацијата е да ви покаже начини преку кои можете да ги постигнете своите цели во бизнисот или во вашата компанија, да напредувате во својата работа, да научите како да се соочувате со предизвиците во работата, како да бидете просперитетни во својата работа, како најбрзо да се искачите на скалилата на успехот и најважно од се како на целиот тој пат да останете СВОИ.

Без разлика дали водите сопствен бизнис или пак сте вработени во некоја компанија оваа конференција ви нуди многу одговори како преку внатрешна промена можете да ги промените околностите во вашата работна средина и кои чекори би можеле да ги превземете за да доживеете вистинска трансформација во вашиот професионален свет.

Придружете ни се и речете му ДА на успехот!

Организатори на конференцијата „Љубов и Бизнис“:

Илина Ведран – 076269268
Катерина Котлареска Маневска – 070391921

Датум: 3 ноември од 9 до 16 часот

Локација:Холидеј Ин

error: Content is protected !!