Brainster talks: Use Emotional Marketing to Make Viral Products

Првиот говор од серијата „Brainster talks“, е на тема „Како да го искористите емоционалниот маркетинг за да го направите вашиот продукт вирален“.
Со оваа тема ќе не запознае нашиот ексклузивен гостин од Русија, Алексеј Сидоренко, експерт, претприемач и искусен веб девелопер, кој ќе ви ја промени целосната перцепција за емоционалниот маркетинг.

Емоциите се одговорни за повеќето одлуки кои ги носиме во животот, а се многу моќни што дури не ги ни забележуваме. Како претприемачите да ја искористат моќта на потсвеста при донесување на одлуки? Како да направиш твојот продукт да биде споделуван и посакуван? Како да стане вирален?

Предавањето е бесплатно, притоа е најсоодветно за иницијатори на проекти, директори и менаџери на продукти.
Резервирајте го вашето место на: https://brainster.co/courses/kurs-za-emocionalen-marketing

Предавањето ќе биде поделено на 3 дела:

1. Преглед на најновите откритија во когнитивната психологија – од добитникот на Нобелова награда за мир Даниел Канеман (систем 1 и систем 2, наклонетост кон потврдување, Anchoring, достапност, замена, одбивност и други психолошки феномени кои ќе ви помогнат да го разберете однесувањето на вашиот клиент) од моделот на Даниел Пинк «Pitch-Improvise-Serve” и ќе заврши со разгледувањето на главните модели на Емоционален маркетинг и брендирање.;

2. Теоријата на Бери Feig за Жешкото копче;

3. Разгледување на моделот Кука од Нир Ејал за зависност од онлајн услуги (Активирање, акција, инвестиции, променлива награда), а потоа ќе продолжиме со главните елементи на gamification (Повратна информација, Структура, Storytelling). На крајот ќе се продолжи со разгледувањето на феноменот на виралност преку социјалните мрежи.

„Во 2012 година, д-р Сидоренко ја создава и започнува „Teplitsa“ компанија која се фокусира на развој на технологии за општествена полза, едукативен проект чија цел е развој на соработката помеѓу непрофитниот сектор и ИТ-специјалисти. Мислијата на „Teplitsa“ е да се развие култура на технологија и онлајн социјални веб и мобилни апликации за подобрување на аспекти од општеството. Во моментов, Алексеј води тим од 18 луѓе кои работат на проектот.“

Повеќе може да прочитате на: https://brainster.co/courses/kurs-za-emocionalen-marketing
или контактирајте не на: contact@brainster.co или 070/384-728

Ова предавање се случува во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates.

Датум: 27 октомври (четврток) од 18 до 20 часот

Место: Јавна Соба

error: Content is protected !!