Американскиот раст во третиот квартал најсилен во последните две години

Американската економија во третиот квартал порасна најсилно во последните две години, благодарение на силниот извоз и инвестициите на компаниите во залихи чие влијание ја надмина лошата лична потрошувачка.

Бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал на годишно ниво пораснал за 2,9%, после 1,4% раст во претходниот квартал, покажаа првите процени на американското министерство за трговија. Тоа е најголема стапка на раст од третиот квартал на 2014 година.

Економските аналитичари од анкетата на Ројтерс процениле дека БДП во третиот квартал ќе порасне за 2,5%.

Најсилен подржувач на БДП беше извозот кој порасна за 10% најмногу од четвртиот квартал во 2013 година. Трговијата допринесе за раст на БДП со 0,83 процентни поени, наспроти 0,18 процентни поени во кварталот април-јуни.

Позитивен допринос даде и зголеменото вложување на компаниите во залихи, со што придонесоа за раст на БДП во третиот квартал со 0,61 процентен поен.

Личната потрошувачка во САД и во третиот квартал беше двојно послаба од вториот квартал и изнесува 2,1%.

Потрошувачката на компаниите за инфраструктура, како нафтените бушотини, зголемена е за 5,4%, најмногу од вториот квартал во 2014 година. Во претходниот квартал е намалена за 2,1%. Вложувањето во сегментот на рударството имаше двојно поблаг пад отколку во претходниот квартал за 31,5%.

error: Content is protected !!