Индустриското производство зголемено за 5,4 %

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на периодот  јануари – септември 2015 година, изнесува 105.4. Додека индексот на индустриското производство во септември  2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 104.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016  година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21.5%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 6.2 %, Капитални производи за 26.7% и Трајни производи за широка потрошувачка за 72.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.

error: Content is protected !!