Solveo натпревар – Како би можеле да го направиме ‘My Great Recipes’ лидер на пазарот

Проект: КАКО БИ МОЖЕЛЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ  ‘MY GREAT RECIPES’ ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ И СПОДЕЛУВАЊЕ ДИГИТАЛНИ РЕЦЕПТИ?

Отворени места: до 20

Насоки на интерес: Е-бизнис, Е-технологии, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија

Награда: 30.000ден. (за победничкиот тим)

Компанија: Мy Great Recipes, поддржано од doXteam

Локација: DOXcafe, ул. Пиринска 29

Краен рок за пријавување: 05.11.2016

ПРЕВЗЕМИ ГО УПАТСТВОТО ТУКА! 

ЗА My Great Recipes

My Great Recipes е број 1 платформа за споделување и пронаоѓање рецепти онлајн.
Преку веб страната и апликацијата корисниците можат да пронајдат повеќе од 100.000 прекрасни рецепти, можат да ги зачуваат омилените, да додадат свои рецепти на своите профили, и да ги споделат со роднините и пријателите. Уникатниот алгоритам за пребарување дозволува рецептите да се подредуваат според оценките и мслењата од корисниците користејќи податоци од повеќе социјални медиуми.
My Great Recipe е во сопственост на IMP Digital компанија од Шведска која се позиционира на пазарот на САД, и веќе има повеќе од 260.000 уникатни корисници и над 40.000 корисници неделно. Целта за 2017 е  да се прошири базата на корисници интернационално и да се освојат нови пазари.
Повеќе информации на imponline.com

 

ПРЕДИЗВИКОТ

Со глобалната дигитализација, светскиот пазар за споделување и пронаоѓање рецепти драстично расте. Целта на овој предизвик е да му помогнеме на MyGreat Recipes да стане лидер на пазарот за споделување и пронаоѓање рецепти онлајн на пазарот во САД.

Со работење на овој проект ќе се здобиете со сознанија за однесувањето и потребите на потрошувашитена дигиталната платформа во САД, како пребаруваат рецепти, како ги зачувуваат своите и како ги споделуваат со своите семејства и пријатели. Дополнително, преку анализирање на моменталната состојба на My Great Recipes платформата и на нејзините конкуренти ќе откриете и предложите начини како да стане MGR лидер во дигиталното пребарување зачувување и споделување на рецепти во пазарот во САД.

Како резултат секој од тимовите ќе треба да развие 3 решенија: Како да се подобри потрошувачкото искуство за сегашните корисници? Како економично да ја зголемиме посетата на платформата? Како најефективно да го монетизираме бизнисот?

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

1. Истражување на пазарот и конкурентите
2.  Дефинирање на клучни вредности на продуктот
3. Анализа на брендот и откривање проблеми
4.  Персона и откривање на потребите на потрошувачите
5. Стратегија  за задржување на лојалните и придобивање нови корисници
6. Стратегија за монетизирање на платформата

7. Тестирање на идејни решенија

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

•  Искуство при работа на реален проект
•  Ќе работите со голема интернационална компанија
•  Можност да добиете парична награда и сертификат
•  Вмрежете се со професионалци, компании  и студенти
•  Истакнете се пред потенцијални работодавачи

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

  • Биди тимски играч
  • Биди спремен за предизвик
  • Биди посветен на задачата
  • Пополни формулар
  • Присуствувај на сите работилници
  • Дај се од себе
  • Активирај ја твојата креативна енергија

1. KICKOFF 11.11 Петок   18:00 – 20:30
Запознавање, формирање групи, презентација на проект, вмрежување, brainstorming на идеи

2. DIVE IN 12.11 Сабота 11:00 – 14:30
Анализа на пазарот и на конкурентите, идентификување на тартет потрошувачи

3. DEVELOP 13.11 Недела 11:00-14:30
Анализа на брендот и идентификување на клучни вредности на My Great Recipes, менторска сесија

4. DESIGN 16.11 Среда 18:00 – 21:00
Развивање на стратегија за монетизирање на бизнисот, менторска сесија??

5. STRATEGY 20.11 Недела 11:00-14:00
Анализа на пронајдени податоци и почеток на формулирање на стратегија за придобивањена нови и задржување на моменталните корисници

6. STRATEGY 23.11 Среда 18:00 – 21:00
Дооформување на предлог-стратегијата, менторска сесија

7. FINALIZE 26.11 Сабота 11:00-14:00
Подготовки за презентација

8. PITCH 30.11 Среда 18:00 – 20:00
Официјална презентација на предлог-решенијата со претставници од doXteam

*Секој тим ќе се состои од 4 до 5 членови, a тимовите ќе бидат одредени од тимот на Солвео.

Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 09.11, а селекцијата ќе се направи според квалитетот, релевантноста и содржината на одговорите на прашањата во апликацијата.

 *Доколку имате некакви прашања обидете се да ги пронајдете одговорите тука

Во случај да не го пронајдовте одговорот на вашето прашање, контактирајте не на hello@solveo.co

*ВАЖНО: За учесниците кои ќе стигнат до крајот на втората фаза, присуството на сите работилници ќе биде одобрено како пракса признаена за студентите од UACS, SEEU, УКИМ Eкономски Факултет и Бизнис Акаедмија Смилевски

error: Content is protected !!