Најдобриот деловен совет што го добил Matt Damon

Matt Damon е одличен глумец, а како успеал да дојде до неговата успешна кариера, сподели во видеото кое го објави „NLP Institut“. Очигледно му помогнале советите кој ги добил додека бил млад.

,,Најдобриот совет кој го имам добиено…. па ќе ви кажам две работи.

Кога бев млад сите ми зборуваа да не бидам глумец. До денешен ден тоа им го кажувам на луѓето кои доаѓаат кај мене и ми кажуваат ,,Размислувам да почнам да се занимавам со глума. Што мислите вие?”

Јас им кажувам: ,, Апсолутно не! Тоа е ужасна идеја, немојте тоа да го правите” Бидејќи тоа е се што другите ми зборуваа на мене.

Мислам дека ако сакате да успеете во овој бизнис, кој е полн со одбивања и потешкотии, морате да верувате во себе, и покрај тоа што ви го говорат тие кои ги сакате и на кои им верувате. Тоа е многу лично патување.

Тоа навистина помогна. Советот да се држам подалеку од оваа кариера беше навистина од помош. По моето сфаќање тоа беше многу важно, затоа тргнав по него.

Вториот совет кој го сподели е…

Мојот учител од средно школо Jerry Spec, кој имаше големо влијание на мене ми рече шест зборови:

,,Само заврши ја својата работа, дечко”

И ми повторуваше многу пати одново и одново-  ,,Само заврши ја својата работа, дечко”

Тоа е она на кое можам секогаш да се вратам. Тоа е мојата почетна точка.

Кога имам сомнеж само се фокусирам на својата работа. Ако на филмот се отиде погрешно, ќе се погрижам мојата работа да биде веродостојна и тогаш идам понатака. Тоа е прекрасно место за почеток. Тоа е добра основа.”

error: Content is protected !!