Обука за јавен настап

ЗАБЛЕСКАЈТЕ во секоја прилика!
Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја претставите вашата идеја, порака, проект или да го продадете вашиот бизнис, вашата услуга или вашиот производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои луѓето се соочуваат во работата, е стравот од јавно говорење, од ЈАВЕН НАСТАП.

Поголемиот дел од професионалците од сите области, менаџерите, извршните директори и вработените во разни компании продолжуваат да ја занемаруваат користа и важноста на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори да ја совладаат оваа вештина.

Вистината е, може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефикасност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.

Независно дали вашата цел е подобрување на личниот или професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, треба да усовршите како да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.

Очекувајте со оваа обука да го усовршите процесот и да ја зајакнете самодовербата за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи.

Преку примена на најсовремени методи на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и важни правила од односите со јавноста (PR), по обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да се подготват за јавен настап со поголема леснотија, јасна намера и структура.
Б) да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста.
В) полесно да настапат и на медиуми, да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.

Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.

Секој учесник добива и:
– сертификат за учество,
– работни материјали и
– 1 (една) дополнителна сесија за личен тренинг (coaching) , еден-на-еден, во индивидуално договорен термин.

Групата е ограничена на 10 учесници.
Котизација: 4200 ден.
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2
(позади Симпо на ул. Партизанска)

Агенда:
Вторник, 08.11.2016 (12:00 – 18:00) –
Вовед, клучни фактори и составни елементи. Подготовка.
Среда, 09.11.2016 (12:00 – 18:00) –
Појавност, визуелен дел, говор на телото, гласот. Практично.

Пријавување и прашања на:
contact@inspirit.mk,
Ана Јорданоска: 070/ 944 179 и (02) 6092-630.

Пријавувањето е до 04.11.2016 г.

http://us14.campaign-archive1.com/?u=e6a871041f634498da006b6d2&id=5a462eab4f

error: Content is protected !!