Oбуки за бизнис вештини во Битола и Скопје

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање.

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење
Теми кои ќе се разработат на обуката се:

Лични претприемачки карактеристики
Генерирање и селекција на идеи
Поставување на цели и менаџирање на околина
Организација и производство
Маркетинг и истражување на пазар
Финансиски менаџмент
Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

– Го препознаете својот претприемачки капацитет;
– Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
– Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
– Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
– Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
– Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
– Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
– Ги пресметате основните средства;
– Изготвите биланс на состојба;
– Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Повеќе информации за обуката – https://goo.gl/DD1Mc3

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева, 075/257-075, 078/201-854;
elena.g@cefe.mk ;
info@cefe.mk

Датум: од 14-до 18 Ноември

error: Content is protected !!