Доналд Трамп е новиот претседател на САД, доаѓаат промени

Тукушто ми се јави секретарката Клинтон. Таа ни честита, на нас, за нашата победа, и јас и честитав на неа и на нејзиното семејство за многу, многу борбената кампања. Таа се бореше многу добро. Хилари работеше многу долго и напорно долг временски период, и нашата земја и должи голема благодарност, рече Трамп на почетокот на својот победнички говор.

Повика на обединување и на Демократите и на Републиканците за заедно да ги направат промените за САД повторно да биде голема нација. Исто така им пружи рака и на неговите сопартијци кои не го поддржаа во трката за претседател и жестоко му се спротиставија, и им порача дека се добредојдени.

Трамп се заблагодари на своето семејство, на своите сопартијци како и на неколку државни служби, тајната служба и на обвинителите, а особено на генералите.

Повтори уште еднаш дека за време на неговиот мандат ќе се фокусира на изградба и обнова на инфрастуктурата, патиштата и училиштата.

За надворешната политика, изјави дека САД секогаш на прво место ќе ги става нејзините интереси, но ќе води политика на партнерства со сите држави во светот а не политика на конфликти. Како на тоа ќе реагираат јастребите во САД останува да видиме.

Трамп вети дека ќе биде претседател на сите граѓани во САД без разлика на нивната раса, религија или националност.

Доналд Трамп со победата во Висконсин каде освои 276 електорски гласа го надмина прагот од 270 потребни електорски гласа и стана 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави. Една од клучните држави каде што победи беше Флорида, но не беа ништо помалку значајни и Северна Каролина, Охајо и Ајова, a се случи и целосен пресврт во Пенсилванија каде речиси до самиот крај водеше Хилари за во финишот Доналд Трамп со пресврт да ги освои електорските гласа и во оваа држава.

Нема да остане незабележано дека речиси сите големи медиуми во САД беа на страната на Хилари. Исто како што Вол Стрит со големите донации беше на страната на Хилари. Но очигледно волјата на народот беше посилна од медиумите и моќта на парите.

Државите низ светот со право очекуваат помалку војни и помалку мешање на САД во внатрешните работи на земјите низ светот, како ќе се одвива оваа транзиција и до кој степен ќе се оствари останува да покаже времето. Многу аналитичари со победата на Трамп очекуваат затоплување на односите помеѓу САД и Русија, но можно е да има некој вид економска војна со Кина во поглед на царините.

error: Content is protected !!