Exponential Product (Re)Design Sprint for Entrepreneurs
ЊуМенс Академијата во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, ви нуди уникатна можност – да учествувате на ПРОДУКТ РЕ(ДИЗАЈН) SPRINT за СТАРТАПИ И ПРЕТПРИЕМАЧИ со ментори кои доаѓаат специјално за оваа програма од срцето на Силиконската долина. Добредојдени се и оние кои засега имаат само идеја.
SPRINT-от ќе се реализира во два дела:
– ДЕЛ 1 – Наменет за стекнување знаења во делот на Експоненцијални технологии и какви предности им нудат на стартапите за позиционирање во светски рамки, како и идентификување на потенцијални области на унапредување во рамки на постојните производи и услуги (групни и индивидуални сесии):
Стартапи и (идни) Претприемачи: 14 ноември
– ДЕЛ 2 – Наменет за работа на конкретни производи и услуги на секој од стартапите/идеите (групни и индивидуални сесии):
Стартапи и (идни) Претприемачи: 5, 6 декември
Ментори:
– Darlene Damm, Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS, Inc (Mountain View, California). Дарлин е посветена да им помогне на компаниите и универзитетите да разберат како со примена на експоненцијалните технологии можат да ги решат најголемите предизвици на светот а воедно и да бидат што поконкурентни, како и кои вештини им се потребни во свет на забрзани промени, роботика, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.
– Rana Chakrabarti, Experience Designer / Дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California). Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој Рана ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.
Заради заложбите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот да креира успешен деловен екосистем во Македонија и пласман на иновативни македонски производи и услуги на светските пазари учеството на Sprint-от е овозможено по бенефицирана цена и тоа:
– Стартапи и Претприемачи: 1200 за тим до 3 лица плус 300 денари за секој дополнителен член кои заеднички ќе работат на ист производ/услуга/процес. Цената е идентична и за индивидуалци кои имаат само идеја и сакаат да ги дефинираат параметрите на нивниот иден производ/услуга/процес.
Пријавувањето е на линкот: http://bit.ly/
Напомени:
– Учеството на вториот дел е возможно само ако сте учествувале на првиот дел и не се доплаќа дополнително.
– Само во првиот дел може да учествувате и независно од вашиот статус доколку сте заинтересирани само да научите за експоненцијални технологии и (ре)дизајн на иновативни производи, услуги и процеси без да се вклучувате во практичната изведба за конкретни стартапи/идеи во вториот дел.
За повеќе информации пишете ни на: contact@newmansba.com или јавете се на 070 365436.