Зошто Израел е рај за стартапите?
На многумина првата помисла кога ќе кажеме најнова технологија е Америка односно Силиконската долина, меѓутоа сериозни работи се случуваат многу поблизу.
Можеби ќе ви звучи шокантно, но најсериозната технолошка мека се наоѓа во Израел или да бидеме попрецизни во Тел Авив. Овој град со полно право го носи називот на стартап центар, а во прилог на ова тврдење е и податокот дека во овој град на секои 290 жители доаѓа по еден стартап и поради тоа е апсолутен рекордер во светот.
Секако ништо од ова не би било возможно без систематска и добро осмислена помош од страна на државата која 4,3% од својот Бруто Домашен Производ го вложува во бројни стартапи. Човекот позади овој, за нас речиси неверојатен проект е Avi Hasson шеф во канцеларијата за иновации при Министерството за економија.
Тој и самиот добар дел од својата кариера поминал вложувајќи во многу стартапи и нови технологии, а сега на располагање ги има и парите на даночните обврзници за да може многу идеи што се во зачеток да ги претвори во стварност. За остварување на својата визија за технолошки Израел на располагање има шест годишен мандат кој е имун од промена на власта и државните функционери.
Првата работа која паѓа во очи е неговиот, а и односот на сите Израелци спрема неуспехот, поточно дефиниција на истиот. За него секој неуспех претставува шанса за нов успех бидејќи покрај многу пропаднати стартапи тоа создава ново искуство кое се компензира финансиски на други места и компании а знаењето добро се наплатува.
Поради тоа Avi и неговите соработници на прво место кога финансирањето е во прашање го ставаат на високоризични стартапи. Добиените пари не се враќаат во случај тој да не успее, додека сите кои ќе го продолжат својот живот благодарение на инвестициите доделените пари можат да ги враќаат на рати. Тоа е доволен стимул за секој на кого ќе налетате во Тел Авив да има или да размислува за лансирање на свој стартап бидејќи знае дека шансите се во негова корист и дека за него се грижат Avi и агенцијата.
Оваа неверојатна поддршка на стартапите и тоа како вродила со плод затоа што Тел Авив е дом на најголемите светски технолошки компании како што се IBM, Intel и Google.
Успехот на кои многумина му завидуваат на Израел најдобро го опишува нивното мото- та чуи бал, во прашање е комбинација од три збора. Првата се однесува на фактот дека Израелците сакаат да бидат отворени и директно се да му кажат во лице на некој, втората ја отсликува нивната храброст за ризик, додека третата го отсликува хаосот во кои живеат.
На крајот од септември во Тел Авив се оддржува DLD (Digital Life Design) фестивал на иновациите каде на едно место може да се видат резултатите од оваа напредна државна политика.
DLD оваа година беше дом за околу 800 стартапи, 4000 различни инвеститори, новинари, говорници и претставници на големите компании меѓу нив се наоѓаа Facebook, Microsoft и Amazon. Фестивалот е совршено место за младите деловни луѓе да го пробијат својот производ до потенцијалните клиенти и инвеститори, а заинтересирани има многу.
На овој настан имаше многу интересни стартапи како на пример WaterGen, стартап кој смисли уред кои со помош на струја и воздух прави вода (20 литри чиста вода дневно по цена од 2 цента по литар), тие се многу познати во светот и на нивните банкарски сметки имаат убав износ на пари од инвеститорите кои го имаат видено долгорочниот потенцијал.
Многумина и понатака мислат дека во технолошкиот свет владеат исклучиво мажи, но Израел и DLD конференцијата покажаа колку не сме во право, бидејќи жените се основачи на речиси 20% од малите компании во Израел и воопшто не им оди лошо. Дури и големиот Google отвори посебен кампус за мајки каде новопечените мајки можат да стекнат вештини потребни за кодирање и лансирање на свој бизнис. И тоа со бебе при себе затоа што целиот простор е опремен за да се осеќаат како по дома.
Израел успеа да создаде екосистем кој ќе даде поддршка дури и на најлудата идеја ако таа долгорочно има потенцијал и може да донесе голем капитал, а судејќи по нивните претставници само небото е граница ако имате добра идеја и сте спремни да се борите за неа.